Девојка си креирала работа од соништата - работи како дадилка на деца во Дизниленд
Таа се шета со дечињата низ Дизниленд, се забавува со нив на разни активности во паркот и за тоа ја плаќаат 1.250 денари од час. Работа од соништата, зарем не?
Сијан Нардиело од Флорида си креираше за себе работа од соништата. Таа отвори бизнис „Once Upon a Nanny“ со кој нуди услуги како дадилка на дечиња во тематски паркови и наплаќа од час.
За да го придружува вашето дете во Дизниленд таа наплаќа 1.250 денари од час.
Таа пред 2 години за време на нејзината работа како дадилка, добила дозвола едно попладне да ги однесе во Дизниленд дечињата што ги чувала, а потоа тоа станало неделна практика и токму оттаму Сијан се инспирирала за креирање на новата работа за себе.
Таа на локалците, како и на луѓето кои одат на одмор им нуди нега и грижа за нивните деца додека се во Дизниленд, Орландо, како и во други тематски паркови.
Вели дека е пресреќна што успеала двете работи што ги сака - работењето како дадилка плус тематските паркови да ги спои во едно.
Како изгледа нејзината работа таа пренесува на ТикТок:
@themeparknanny work a job you love and you’ll never have to work a day in your life #RecordsDay #fyp #foryoupage #disneynanny #xyzbca #disney
♬ Up Beat (Married Life) - Kenyi
С. С. | Црнобело