14 типови колеги кои ги има во речиси секоја канцеларија, низ илустрации
Освен ако не сте шеф, не можете сами да ги избирате колегите, па во секоја канцеларија ќе најдете луѓе со потполно различни карактери.
Додека со некои ќе се согласувате одлично, со други ќе бидете пријатели и надвор од канцеларија, а со трети ќе бидете во добар однос професионално, во многу канцеларии може да има барем еден што баш и не го поднесувате многу, немате заеднички интереси, пристап кон работите или слични карактери и ве нервираат неговите навики, па тоа создава тензија.
Ова е сосема нормално и можеби ќе постои некој колега што го има истото мислење за вас, но сепак заради колегијалност и добра соработка мора да наоѓате заеднички јазик во тие 8 часа од денот.
Бидејќи канцелариите се интересен збир на луѓе со секакви карактери и навики, речиси секој од нив може да се опише со збор-два.
Во продолжение 14 илустрации кои ги претставуваат вработените во скоро секоја канцеларија – колку колеги ќе препознаете и дали можеби ќе се пронајдете самите?
Манипулатор и озборувач
Овој колега изгледа како многу пријателски настроена личност, но секогаш се обидува да ги манипулира другите. Toј е и најголемиот озборувач во канцеларијата и ги користи личните информации за манипулација.
Конзервативен
Ова е колегата кој ги мрази иновациите и промените во канцеларијата и сака да си работи по старо.
Бунтовник
Бунтовникот е колегата кој секојпат има замерка за обврските што ги добива. Најчесто користи изговори како „Тоа не е моја работа“ или „Јас не сум платен за тоа“.
Најискусен
Овој колега е убеден дека е најискусен и смета дека за сите одлуки треба да се консултирате со него, бидејќи тој најдобро ја познава компанијата.
Гребатор
Оваа личност никогаш не сака да даде пари за нечиј роденден или да ја подели сметката од деловниот ручек, но секогаш е прва кога има можност да добие нешто бесплатно.
Вечна жртва
Овој колега се жали за буквално сè, секојпат кога има можност за тоа. Обично успева да им го расипе расположението на сите во канцеларијата.
Колегата на кој постојано му е топло/студено
Во речиси секоја канцеларија има по еден колега на кој постојано му е топло, но и еден кој постојано е измрзнат. А, кога не им е погодена температурата во канцеларија, постојано се жалат за тоа.