Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најчестите грешки што ги прават луѓето кога работат од дома - не ги повторувајте

Работењето од дома станува сè попопуларно, а периодов многу луѓе и немаат друг избор.

najchestite-greshki-shto-gi-pravat-lugjeto-koga-rabotat-od-doma-01.jpg

Доколку сте навикнати да работите во канцеларија, оваа промена може да ви биде навистина тешка. Факт е дека оние кои работат од дома одвреме-навреме се чувствуваат осамено и изолирано, но не мора и вие да минувате низ истото.

Всушност, работењето од дома може да биде вистински благослов ако го изведете правилно и ако успеете да ги избегнете најчестите грешки:

Работите во пижами

Звучи навистина примамливо целиот ден да го поминете во пижами, дури и додека работите.

Но, облеката влијае врз нашето расположение, нивото на енергија, па дури и начинот на размислување. А, пижамите најверојатно ќе ве натераат да мислите дека е време за одмор, а не работа.

Пред да почнете со работа, облечете нешто друго наместо пижами. Уште подобро е ако се дотерате, исто како за во канцеларија.

На овој начин вашиот мозок ќе може да направи разлика помеѓу работењето и релаксацијата, дури и ако целиот ден го поминете дома.

najchestite-greshki-shto-gi-pravat-lugjeto-koga-rabotat-od-doma-02.jpg

Не правите нормален распоред

Работењето од дома ви дава слобода сами да си го направите распоредот. На почетокот сигурно ќе ви биде забавно да си легнувате во 3 наутро, да спиете до подоцна и да работите само кога ќе ви се работи. Но, за кратко ќе забележите дека вашата продуктивност се намалува. Притоа, ќе се чувствувате лошо, и ментално, и физички.

Затоа, бидете построги, одредете точно кое време е за работа и држете се до распоредот. Сега кога вие одлучувате за работното време, можете многу полесно да си го организирате денот и ќе сфатите дека имате време за сите обврски.

najchestite-greshki-shto-gi-pravat-lugjeto-koga-rabotat-od-doma-03.jpg

Не им објаснувате на домашните дека навистина имате работа

Оние кои подолго работат од дома, знаат дека на домашните понекогаш им е тешко да сфатат дека сепак станува збор за вистинска работа.

Обично тие само гледаат дека седите пред компјутер и претпоставуваат дека не сте зафатени. Токму поради тоа, важно е да им објасните дека навистина имате работа.

Кажете им дека иако седите дома, и вие имате обврски што треба да ги завршите до крајот на денот и потребен ви е мир додека работите.

najchestite-greshki-shto-gi-pravat-lugjeto-koga-rabotat-od-doma-04.jpg

Не ставате граница помеѓу професионалниот и приватниот живот

Обично кога си заминуваме од канцеларија, забораваме на работата. Но кога работите од дома, голема е веројатноста да проверувате мејлови, пораки и слично дури и кога ќе завршите со обврските.

Поради ова, ваша задача е да поставите јасна граница помеѓу професионалниот и приватниот живот. Бидете достапни во работното време, но штом ќе завршите, одолејте му на искушението да ги проверувате мејловите.

Ако не очекувате некоја важна порака или повик, што и да е може да почека до следниот ден.

najchestite-greshki-shto-gi-pravat-lugjeto-koga-rabotat-od-doma-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа) Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
6 тајни за вашата работа, кои шефот не сака да ги знаете (а треба) Надредените знаат многу за вашата онлајн активност на компјутерот на работа, има...
Најдобрите менаџери водат со пример (работат рамо до рамо со вработените) Голем дел од незадоволството на работното место треба да им се припише на менаџе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg