Најчестите грешки што ги прават луѓето кога работат од дома - не ги повторувајте

Заборавате на физичката активност

Знаеме дека не сите сакаат да вежбаат, но кога работите во канцеларија, самото одење до неа е колку-толку физичка активност. Ако работите од дома, се движите само од работната маса до тоалетот или кујната, а знаеме дека физичката неактивност сепак прави штета.

Затоа, после 2-3 часа работа, обидете се да направите неколку едноставни вежби за истегнување. Ова ќе ви одземе најмногу 10-тина минути, а сигурно ќе направи да се чувствувате подобро.

Обидете се и во текот на денот да одвоите барем 20-тина минути за вежбање. Најдете некое видео на YouTube и само следете ги инструкциите. Верувајте дека ќе се чувствувате многу подобро

najchestite-greshki-shto-gi-pravat-lugjeto-koga-rabotat-od-doma-06.jpg

„Заглавувате“ во рутина

После неколку недели работење дома, особено ако сте навикнати на канцеларија, најверојатно ќе ви стане досадно.

Сепак, дома немате колеги со кои можете да се шегувате и целиот ден работите во тишина. Истовремено, воопшто не го менувате вашето опкружување, па ова „заглавување“ во рутина може да ви стане проблем.

Кога ќе почувствувате дека ви е потребна промена, обидете се да го промените местото од коешто работите. Ако сте работеле во спалната, денес работете на трпезариската маса. Исто така, обидете се да не јадете пред компјутер.

Искористете го тоа што сте дома, направете некој брз и здрав оброк и одвојте малку време да јадете каде било, освен пред компјутер.

najchestite-greshki-shto-gi-pravat-lugjeto-koga-rabotat-od-doma-07.jpg

Не разговарате со луѓе

Оние на кои не им е потребна многу социјална интеракција, можеби ќе го немаат овој проблем. Но, ако сте екстроверт, можно е да се почувствувате осамено.

Ако забележите дека самотијата почнува да ви пречи, секогаш можете да им се јавите на пријателите или семејството. Уште подобро ако користите видео повици.

najchestite-greshki-shto-gi-pravat-lugjeto-koga-rabotat-od-doma-08.jpg

Не ја средувате работната маса

Вистинско искушение е да работите во вашиот кревет, но опкружувањето има огромно влијание врз продуктивноста.

Нашите мозоци го поврзуваат креветот со одмор, па сигурно нема да бидете во најдобра форма ако работите од таму.

Наместо тоа, направете си работно катче. На масата на којашто ќе работите поставете ги сите работи што ви се потребни – пенкала, стикери, тефтери… Уште подобро е ако не ја користите масата за ништо друго, освен за работа.

Всушност, ако имате услови, направете си мала домашна канцеларија и веднаш ќе ја почувствувате разликата.

najchestite-greshki-shto-gi-pravat-lugjeto-koga-rabotat-od-doma-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа) Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
6 тајни за вашата работа, кои шефот не сака да ги знаете (а треба) Надредените знаат многу за вашата онлајн активност на компјутерот на работа, има...
Најдобрите менаџери водат со пример (работат рамо до рамо со вработените) Голем дел од незадоволството на работното место треба да им се припише на менаџе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg