Како успешните луѓе го надминуваат неуспехот?
Ако некогаш сте се запрашале дали славните и успешните личности понекогаш имаат свои падови, ќе ви кажеме дека тоа сигурно им се случува. Но како се справуваат со неуспехот?
Односно, што прават успешните луѓе за да го надминат неуспехот?
За почеток, тие се креваат по падот.
Мајкл Џордан важи за еден од најголемите кошаркари на сите времиња. Тој има освоено пет NBA MVP награди во својата кошаркарска кариера, се појавил во четиринаесет натпревари во NBA All Star, но повеќето луѓе не знаат неколку важни работи за него.
Тој не бил вклучен во неговиот тим од средно училиште, што е често огромен удар за егото на спортистите. Mногу потенцијални спортски ѕвезди не се обидуваат повторно после вакво нешто, затоа што го гледаат одбивањето како знак дека не се доволно добри. Набрзо потоа, повеќето се откажуваат.
Но, Џордан не се откажал.
Тој одбил да верува дека нема да стане голем играч. Не само што многу брзо станал дел од училишниот тим, туку истиот го довел до националното првенство.
Еве нешто друго што можеби не знаете за Џордан - за време на професионалната кошаркарска кариера, тој изгубил 300 натпревари и пропуштил 26 натпревари. Како што кажал еднаш во рекламата за Nike:
„Имав многу неуспеси во животот, затоа успевам.“
Приказната за Џордан покажува како бестрашните луѓе го доживуваат неуспехот. Тој и другите бестрашни луѓе не го гледаат неуспехот како мана, како причина за срам, или како обвинување. Дефинитивно не го гледаат како знак дека нивните соништа се невозможни.
Не, тие го гледаат неуспехот како можност да учат, да растат и да станат уште подобри.
Хенри Форд започнувал одново и одново, пред да ја формира компанијата Ford Motor. Волт Дизни бил отпуштен како уредник на весник за наводно „немање имагинација“. Томас Едисон направил илјадници сијалици што не работеле.
Опра Винфри била отпуштена од нејзината прва работа како телевизиски известувач. Ѝ било кажано дека е „непогодна за телевизија“.
Винсент ван Гог продал само една слика додека бил жив. Неговите уметнички дела денес се продаваат во милиони примероци, а тој е еден од најскапите и најбараните сликари во светот.
Овие, и приказните на многу други успешни луѓе се доказ дека никој не е имун на неуспехот. Она што е важно е колку ќе се обидувате и како ќе се издигнете после него.
Ашера | Црнобело