Како да немате лоши денови и секој ден да ви биде продуктивен?
Некои луѓе имаат проблем да се вратат на работните обврски по викендот, некои „прегоруваат“ среде недела, додека трети се опуштаат пред викендот.
Па, неважно во која категорија спаѓате, овие 5 совети треба да ви се секојдневни правила, за секој ден да ви биде максимално продуктивен.
Имајте To-Do листа за секој ден
Важно е да научите да приоритизирате и да ги организирате обврските кои ги имате во наредниот период.
Тоа ќе ви помогне да знаете од каде да почнете и да знаете што треба да направите следно.
Исто така, не се обидувајте со мултитаскинг. Одете една по една точка на листата.
Планирајте ја и исхраната во текот на денот
Секој ден ќе биде многу полесен ако имате точно одредено време за појадок, ужина, ручек...
Исто така, испланирајте и понесете си здрав оброк или здрави грицки, за да не губите време и да мислите што да јадете.
Секој ден на листата на обврски имајте по барем една работа на која се радувате
Кога ќе ја погледнете листата на обврски, свесни сме дека нема да бидете пресреќни за сите точки, но важно е да имате барем една светла точка во денот на која ѝ се радувате.
Правете кратки паузи
Паузите се клучни за задржување на концентрацијата, па оставете си по 5-10 минути пауза на секоја завршена обврска.
Заборавете на мобилниот и социјалните мрежи додека работите
Не четувајте и работете паралелно. Тоа е најлошиот мултитаскинг кој ви ја црпи енергијата.
Земете време за да одговорите на пораките, но штом се фатите за работа – телефонот треба да биде на тивок режим.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





