Што да правите после работа за посреќно секојдневие?

Сакале или не, после некое време секој влегува во дневна рутина која почнува да владее со нашите животи. Престанете да бидете пасивни и бидете проактивни, бидејќи промената на вашата рутина е исклучително важна. 

Promena na vasata rutina posle rabota ke ve napravi 01

После напорен работен ден многумина ја „фрлаат“ облеката и гледаат што побрзо да се сместат на каучот со филм или серија, а потоа се жалат дека нема време за ништо.

Факт е дека ние сме виновни за тоа. За да не почувствувате монотонија и незадоволство од животот, потребно е да ја смените рутината.

Promena na vasata rutina posle rabota ke ve napravi 02

Што да правите после работа за да бидете организирани, среќни и задоволни со себе?

Исчистете го просторот

Чистиот простор значи и чист ум. Затоа, наместо само да ги фрлате работите на првата столица што ја гледате, здиплете ја облеката што ја носевте тој ден, извадете го ручекот и приборот за јадење и измијте ги садовите, а потоа организирајте се за следниот ден и дури потоа легнете заслужено без грижи.

Ако го направите ова, следното утро нема да мора да брзате да ги пронајдете клучевите или облеката. Ќе имате време да се подготвите за работа и да се опуштите со кафе и добра книга.

Воведете здрави навики

Ручекот обидете се да биде нешто здраво, а потоа може да си подготвите и здрава закуска за кога ќе седнете да гледате филм или серија. Може да си подготвите и ручек за следниот ден. Нема да ви биде потребно многу време за да подготвите здрав оброк.

Можете да направите салата, тортиља со зеленчук или некоја здрава чорба. Овие оброци можете да ги подготвите неколку дена однапред.

Посветете се на себеси

Како и здравиот оброк, вежбањето е важна здрава навика која е корисна. Обидете се да одите на јога неколку пати неделно, или можеби во теретана. Доколку не сакате да вежбате со група луѓе, секогаш можете да трчате или шетате.

Можете да возите и велосипед наместо автомобил, од дома до работа и обратно или по работа рекреативно.

Запомнете дека грижата за себе вклучува и нега на тело, во форма на бањи, масажи, маски за лице, но и читање, танцување, гледање на вашите омилени серии или кој било друг ритуал што ќе ви помогне да се чувствувате подобро однадвор и однатре.

Направете план за утре

Пред спиење, направете список на работи за утре. Ова ќе ви даде јасна слика за тоа што ве чека. Без страв од неизвесност полесно ќе заспиете и ќе имате поквалитетен сон.

Малите промени во вашата рутина ќе го збогатат вашиот живот со нови искуства. Ќе се чувствувате подобро, ќе имате повеќе мотивација и ентузијазам за нови активности за кои порано не сте размислувале.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg