Како да преговарате за повисока плата?
Повторно е тоа време од годината - време на преговори за плати. Можеби веќе долго време го очекувате заслуженото зголемување на платата, но истото никако да го дочекате.
Многу луѓе дури ја менуваат работата поради оваа причина. Па, како да добиете покачување на платата?
Обидете се со овие 3 совети за преговори:
1. Секогаш преговарајте за почетната плата
Се надеваме дека вашиот потенцијален работодавец ќе биде првиот што ќе ја спомене големината на вашата плата за работата за која аплицирате. Ова е индикација дека се заинтересирани за вас и дека сакаат да се осигурат дека имате исто мислење.
Не ги споменувајте вашите очекувања за плата додека не ве прашаат конкретно. Работодавците секогаш ги фаворизираат кандидатите што ги мотивираат и други работи, а не само пари.
Кога ќе ве прашаат за вашите очекувања за плата, наведете широк опсег.
На пример, „Знам дека позициите на ова ниво обично се плаќаат помеѓу 300 и 400 евра, а со оглед на моето искуство во областа, би земал и поголема плата. Сепак, ова ќе зависи од многу фактори, како и од мојата улога. Можеме ли да разговараме повеќе за тоа?“
Дефинирајте зошто треба да имате повисока плата. Овде ќе го дополнувате вашиот список на претходни достигнувања. Треба да покажете дека ќе донесете поголема вредност на компанијата од другите кандидати, и затоа треба да добиете поголема плата за вашите придонеси.
Бидете уверени во своите вештини и искуства, но не и арогантни.
2. Фокусирајте се на вредноста
Кога го прашувате вашиот шеф за поголема компензација, треба да покажете како вашата работа носи зголемена вредност за компанијата.
Изберете го времето за разговор внимателно. Не барајте повеќе пари среде стресен период или кризна состојба. Не сакате да делувате како некој што е повеќе загрижен за својата плата, отклоку за компанијата.
Бидете тимски играч. Прво решете ги сите предизвици, потоа, по успешен проект, разговарајте со вашиот шеф.
Никогаш не се заканувајте дека ќе дадете отказ и не поставувајте ултиматуми. Ова само ќе ја влоши вашата врска со шефот.
3. Изберете го денот внимателно
Во четврток или петок сме најотворени за преговори и компромис, бидејќи најчесто сакаме да го завршиме работното време со најмалку конфликти.
Ова чувство на крајот на работната недела може да биде подготовка за викенд, кога ќе поминеме повеќе време со семејството и пријателите.
Најлош ден? Среда. Обидете се да избегнете ситуација што може да доведе до конфликт средe недела.
Ашера | Црнобело
Би можело да ве интересира:




