Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 знаци дека треба да го искористите годишниот одмор што поскоро

Високото ниво на секојдневен стрес доведува до ментално и физичко исцрпување. Често грешите, имате болки во телото, имате проблеми со спиење, се изолирате од своите пријатели?

6-znaci-deka-treba-da-go-iskoristite-godisniot-odmor-sto-poskoro-01.jpg

Ова се знаци дека под итно ви е потребен одмор:

1. Колегите ве прашуваат дали сте добро

Другите луѓе веројатно ќе забележат пред вас дека сте под стрес или дека сте нервозни. Ако вашите колеги ви пристапат и ве прашаат „дали е сè во ред?“, тоа може да биде јасен знак дека ви треба одмор.

2. Често грешите

Хроничниот стрес често е причина за грешки на работното место и знак дека треба да застанете. Поради замор ја губиме способноста да се фокусираме на сопствените обврски, кои повеќе не можеме одговорно да ги извршуваме.

3. Сè ве боли

Грбот, главата, очите, стомакот…Кога сме под стрес телото ослободува хемикалии кои ја зголемуваат чувствителноста на телото на болка.

6-znaci-deka-treba-da-go-iskoristite-godisniot-odmor-sto-poskoro-02.jpg

4. Проблеми со спиењето

Несоница или зголемена потреба за спиење поради хроничен замор е, исто така, последица на високо ниво на стрес. Понекогаш проблемите едноставно не ни даваат да спиеме, а понекогаш сме подготвени да го преспиеме денот. 

Ниту една од овие две состојби не е нормална, и двете јасно ни покажуваат дека ни треба одмор.

5. Не ја поднесувате работата

Луѓето кои се под премногу стрес и притисок губат перспектива и не можат да најдат мотивација за работа. Ова не е ништо чудно во денешно време, кога сме совладани од обврските.

Меѓутоа, ако вашата работа ви станува неподнослива, тогаш е време да се одморите.

6. Се изолирате од блиски луѓе

Немате желба да се дружите со вашето семејство и пријателите, ги избегнувате нивните повици и едноставно да не сакате да бидете со други луѓе.

Секој повремено треба време за себе, но целосно избегнување на интеракција со блиски луѓе е знак дека сте „преоптоварени“ од обврските.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Најдобрите менаџери водат со пример (работат рамо до рамо со вработените) Голем дел од незадоволството на работното место треба да им се припише на менаџе...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа) Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во...
5 типа на луѓе што најчесто може да бидат жртви на булинг на работното место (и зошто?) Луѓето што се жртви на булинг на работното место најчесто се врвни професионалци...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg