Ако сакате да бидете вистински добар шеф - Кои прашања не треба да ги поставувате на интервју за вработување?

Интервјуата за работа знаат да бидат многу стресни за кандидатите, но понекогаш и исцрпувачки за вработувачот.

Ako-sakate-da-bidete-vistinski-dobar-shef-01.jpg

Затоа треба да знаете како да си ја олесните работата и кои прашања никогаш не смеете да ги поставите на кандидатите, доколку сакате вработен на кого ќе можете да сметате:

1. Не ги прашувајте кандидатите „Што е вашата најголема слабост?“. Тоа не е ваша работа, навистина. Наместо тоа, кажете им која е вашата, односно кој е најголемиот предизвик за вашата компанија.

2. Не прашувајте „Зошто си заминавте од претходната компанија?“, тие сè уште не си заминале.

3. Прашањето „Зошто мислите дека треба токму вас да ве вработиме?“ заменете го со објаснување зошто тие би требало да ви се придружат вам.

4. Избегнувајте ирелевантни, понижувачки или несоодветни прашања, како што се „Дали сте во брак?“ или „Дали планирате да имате деца?“.

5. Не ги третирајте кандидатите како да се чергичиња за бришење нозе, почитта треба да е обострана.

6. Не се обидувајте да вработите луѓе што ќе работат за вас, туку вработете луѓе со коишто ќе работите, од коишто можете да научите, поточно од нивниот ентузијазам и нивното искуство.

7. Не прашувајте „Каде се гледате себеси за 5 години?“. Наместо тоа објаснете им на кандидатите каде ја гледате вашата компанија за 6 месеци.

8. Запамтете дека совршените кандидати и совршените менаџери имаат една заедничка работа – не постојат. Не барајте перфекција, туку гледајте ја вредноста што кандидатот ќе ви ја донесе.

9. Не им кажувајте на кандидатите „Ќе ве известиме“ доколку немате таква намера. 

Подобро е веднаш да ги одбиете, отколку да ги оставите да висат. Наместо тоа советувајте ги за грешките и недостатоците во резимето или интервјуто. Уште подобро, доколку има услови, јавете се во друга компанија што можеби би имала потреба од тој кандидат.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg