Сте слушнале ли некогаш за синдром на измамник, нарушување што го имаат успешните луѓе?

Impostor syndrome или синдром на измамник го имаат успешните луѓе кои се способни и компетентни, но кои не се подготвени да веруваат во сопствените способности и да го прифатат фактот дека го заслужиле тоа што го имаат. 

Ste slusnale li nekogas za sindrom na izmamnik poremetuvanje koe go imaat uspesnite luge 01

Тие веруваат дека нивниот успех е резултат на среќа или околности. Тие стравуваат дека ќе бидат откриени како измамници и мислат дека е само прашање на време кога луѓето околу нив ќе ги фатат во оваа „лага“. Гледано објективно, таквите луѓе обично имаат високо академско образование и добри резултати во високо поставени цели, но објективно сметаат дека нивниот успех не е ништо посебно или дека тие не се толку заслужни и способни.

Овој феномен, или специфично психолошко искуство, за прв пат било забележано во 1978 година, од кога и постои терминот. Потекнува од истражувањето на Паулина Роуз Кленс и Сузан Ајмес.

Првично се верувало дека само жените го имаат овој синдром, а научниците го припишувале на предодредените родови улоги. Сепак, поновите истражувања, спроведени од Кленс и другите истражувачи, покажале дека овој феномен е подеднакво присутен и кај мажите и кај жените.

Синдромот на измамникот не припаѓа во ментални нарушувања, но може да го пратат депресија, анксиозност, страв од неуспех и незадоволство од животот.

Над 70% од луѓето во одреден период од животот можат да мислат дека се измамници и дека нивниот успех им е незаслужено припишан. Ова станува проблематично кога постојано се случува.

Ste slusnale li nekogas za sindrom na izmamnik poremetuvanje koe go imaat uspesnite luge 02

Не е познато точно кои причини доведуваат до овој синдром, тоа зависи од структурата на личноста и воспитанието. Луѓе кои страдаат од овој синдром често како деца имале високи оценки, кои никогаш не биле доволно добри за нивните родители или имале браќа и сестри кои биле подобри од нив во нешто.

Експертите кои се занимаваат со овој синдром сметаат дека е нормално сите луѓе понекогаш да се сомневаат во нивните способности и да мислат дека нивниот успех е незаслужен.

Проблемот е кога таквите сомневања доминираат во животот како форма на однесување и размислување.

Ste slusnale li nekogas za sindrom na izmamnik poremetuvanje koe go imaat uspesnite luge 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg