Што ги излудува колегите?

Колегите на работно место некогаш знаат едноставно да не излудат; спроведена е анкета со чија помош се издвоија 10 работи кои што најповеќе пречат...

 

помеѓу колеги на работно место.

1. Пушење, пиење, неподносливи мириси

Пица со многу лук или ќебапи за ручек, пушење и покрај забраните и неподносливиот мирис по лудата претходна вечер, едноставно се неприфатливи за вашите соработници. Овде можеме да го додадеме и соблекувањето на чевлите поради луфтирање, занимација или поголема удобност.

2. Неред

Кај некои колеги можеби е и подобро да не замислуваме каде и како живеат, бидејќи доволно открива и самиот преглед на нивната работна маса. Работите стануваат полоши кога неуредноста на една личност се проширува низ целата канцеларија. Дури 75% од вработените навеле дека нередот кај своите колеги, неподносливо им пречи.

3. Доцнење

На време не треба да пристигнувате само поради вашиот шеф, туку и од почитување кон останатите колеги кои се точни. Никој не сака сам да ја работи работата која е предвидена за повеќе луѓе, ниту пак да се чека состанокот да започне само поради неодговорен соработник.

4. Приватни разговориsto-gi-izluduva-vashite-kolegi1

Понекогаш луѓето мислат дека личните приказните им се многу интересни. Работа е работа, а дружењето се остварува во неформално окружување. Личностите кои постојано "гњават" со своите лични стории за време на работното време, само пречат на оние кои навистинаа сакаат да си ја сработат својата работа.

5. Трачарење

"Зарем немате други проблеми?", се запрашуваат 20% од вработените кои сведочат на нецензурираните трачеви за шефовите и другите колеги.

6. Негирање и непризнавање на грешките

Тој кој што работи, може и да погреши и во тој случај, фер е да го признаете вашиот пропуст, да го поправите и да продолжите понатаму со една лекција повеќе. Личности кои за себе тврдат дека се' работат беспрекорно, веројатно стравуваат од неуспех или прекори, а таквата личност има и крајно високо мислење за себе што не е баш убаво. Луѓето грешат, а оние кои признаваат заслужуваат да им се прости.

7. Преполни корпи со отпадоци

Вкупно 12,7% реагираат невротично кога ќе видат како корпата со отпадоци е толку преполна, што дури се' излева од страна. Во малите и средните претпријатија, не водењето грижа за сопствената уредност и преполнетост на корпата за отпадоци, пречи на секој 4ти работник.

8. Музика

Слушањето на омилените хитови и постојаното прегледување на најновите видео клипови на интернет, е пристојно само со слушалки. Зошто да мора колегите да го трпат вашиот музички избор, кој навистина може за некој да биде напорен, заспивачки или едноставно да го растревожува? Некој сака да работи во тишина.

9. Копири

Уредите за копирање и принтање поденакво се наменети за сите вработени. Доколку се потроши хартија, тонер или дојде до некој дефект, потребно е веднаш да се интервенира, а не да се чека хаосот да го пресретне наредниот кој ќе се обиде да ја користи машината, за "вината" или обврската за средување на машината да биде негова!

10. Разговори сами со себе

Коментари кој никој не ги бара, чести гласни воздишувања, лупање и иритирачки појави едноставно идат на нерви на оние кои се околу вас. Ако имате потреба да се консултирате или да се пожалите на некој, одвојте 5 минути време со оној кој навистина може да ви помогне и разбере, а потоа бидете солидарни и тивки.

Би можело да ве интересира:

Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg