Кога сте “прегореле“ на работа

koga-ste-pregorele-na-rabota-povekjeМислите дека никогаш не сте го доживелае така наречениот професионален „burnout“? Размислете за следната статистика: дури 77% од луѓето изјавиле...

 

...дека се чувствуваат исцрпено и „пукаат“ заради  својата работа, 19%  работат и преку викенд, а 44% и дома размислуваат за работата и довршуваат некои заостанати работни задачи.

Последиците од стресот и прекумерната работа можат сериозно да влијаат на здравјето, па токму затоа не треба да ги потценуваме сигналите кои ни ги испраќа нашето тело.

Прекумерна работа може да предизвика пад на имунитетот, појава на мигрена, проблеми со варењето на храната, кожни заболувања, висок крвен притисок и срцеви заболувања.

Професионалниот „burnout“ се јавува како одговор на стресот, а последиците се чувствуваат во вид на беспомошност, безнадежност и фрустрација.

Важно е да се знае дека за вакво професионално „прегорување“ потребен е подолг временски период, па затоа е нужно да се препознаат неговите први сигнали.

Затоа еве дел од нив:

1. Колегите во ваша близина се крајно внимателни

koga-ste-pregorele-na-rabota

Доколку сте константно незадоволни и лути, а вашите колеги се крајно внимателни во ваша близина, најверојатно не станува збор за минлив проблем. Вам очајно ви е потребен одмор и релаксација.

2. Доцните на работа и постојано гледате во часовникот

Порано го започнувавте работниот ден работа полни со елан и желба за нови работни задачи.

Сега едвај станувате од кревет, на работа заминувате со чуство на мачнина во желудникот, а некаде околу пладне почнувате очајно да гледате во часовникот и со нетрпение го чекате моментот кога ќе заминете дома.

Вие буквално ги броите минутите до крајот на работниот ден.

3. Апатија наместо ентузијазам

Не сте мотивирани и немате никава желба за нови професионални предизвици или достигнувања.

4. Се' помалку се дружите со колегите

Ручек со колегите некогаш ви беше задоволство и со насмевка на лицето заминувавте заедно на пијалок или неформално дружење. Сега воопшто немате желба за дружење ниту во текот на работниот ден, а уште помалку потоа.

5. Чувствувате физичка болка

Постојано се чувствувате исцрпени, имете константни главоболки, чувствувате напнатост и имате проблеми со спиењето.

Ова се првите физички знаци кои ве предупредуваат дека стресот на работа може да предизвика сериозни физички и психички проблеми.

Доколку ги имате овие симптоми, време е за промена. Поразговарајте со својот претпоставен и обидете се дел од својата работа да делегирате на некој друг или пак да одложите некои работни задачи за подоцна.

За крај еве уште неколку проактивни чекори кои морате да ги превземете доколку сте под постојан стрес, а сакате да го сочувате своето здравје:

  • Научете понекогаш да и кажете „не“ на работата.
  • Редефинирајте ги своите животни цел.
  • Намалете ги своите професионални обврски, но исто така и приватните.
  • Одмарајте се секојдневно и јадете здрава храна.
  • Земете одмор и дајте му можност на своето тело да се одмори и наполни со енергија.

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg