...помали грешки кои може да ве чинат многу.
Еве на што да внимавате кога се подготвувате за интервју за работа.
Смешна еmail адреса
Кога ќе почнете да аплицирате за работа мора да користите email што го содржи вашето име, презиме или комбинација од двете. Без разлика на вашата струка, ниту една фирма не сака да вработи anabanana, barbi или ivo_carot.
Печатни грешки
Постојат луѓе кои ќе го фрлат вашето CV откако ќе најдат само еден погрешно напишан збор. Не дозволувајте да изгледате неписмени поради неколку случајни грешки. Проверете го напишаното неколку пати, и дајте му и на некој друг да го види пред да го пратите.
Погрешна хартија
Првиот впечаток за вас вработувачот го добива од вашето резиме, па кога одите на интервју за работа понесете неколку копии од истото. Не смеете да дадете исфлекан или изгужван лист, па понесете си резерви.
Пристигнување во погрешно време
Знаете дека не смеете да доцните, но немојте да доаѓате повеќе од 15 минути порано. Непотребно е и ќе оставите погрешен впечаток на човек што не си го цени сопственото време или пак, не знае да си го организира.
А „Благодарам“?
Заблагодарете се усно на крајот на разговорот, а потоа можете и да испратите кус email со благодарност за одвоеното време каде би додале некоја информација за која сте разговарале на интервјуто.
Поправање грешки
Ако не сте задоволни од нешто што сте го кажале или премолчале на интервјуто совладајте ја желбата и немојте да го пишувате ова во следниот email. Можеби грешката вам ви се чини поголема отколу што е и нема потреба да ги потсетувате вработувачите на нешто кое можеби веќе го заборавиле.
Премногу потсетувања
Освен кусиот mail за благодарност, ќе треба да почекате барем две недели пред да прашате кога би добиле информација за тоа кој е примен. Подобро бидете трпеливи отколку досадни.
„Забавна“ порака на секретарката
Ако очекувате повик од вашето потенцијално ново работно место не дозволувајте пораката на секретарката да биде премногу долга, ниту да ви создаде имиџ во кој никогаш не би се претставиле во канцеларија. Сменете ја пред да биде премногу доцна.
Грешки при интервју за работа
-->
Ако конкурирате за ново работно место освен основните совети (добро CV, цврсто ракување, уредна облека) треба да бидете претпазливи и со некои навидум...

Би можело да ве интересира:
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги?
Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно
„Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил...
Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место
Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа?
Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место
Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...