Кои се одговорностите на современиот HR менаџер?

koi-se-odgovornostite-na-sovremeniot-hr-menadzer-povekjeБез своите вработени, ниту една компанијата не може да работи на профитабилна основа. Човечкиот капитал е примарен и најважен ресурс на компанијата...


...но истовремено и најкомплексен. Но, во пракса на управувањето со човечките ресурси не му се придава доволно значење и се занемарува неговата важност.

На прашањето «Дали треба и понатаму да ја развиваме функцијата за управување со човечките ресурси (Human Resources)? » има едноставен одговор: ДА, бидејќи човечкиот капитал е единствениот елемент кој конкуренцијата не може да го копира.

Разликите помеѓу компаниите и нивните производи и услуги се повеќе се намалуваат: ентериерот во продажниот простор е сличен, разликите во карактеристиките на производите и услугите се намалуваат.... Она што всушност ја диференцира и издвојува Вашата компанија од конкуренцијата се Вашите вработени: нивното однесување, брзината на завршување на работните задачи, мотивираноста, способноста за стекнување нови знаења, компетенциите... Затоа се поставува прашањето – што и како треба да работи еден HR менаџер?

Значењето и улогата на HR функцијата е значително променета во последните десет години. Секојдневно сè поголем број компании стануваат свесни за важноста и конкурентната предност која произлегува од вработените и менаџерите.

Задача на еден добар менаџер е на вистински начин (продуктивно, креативно, ефикасно и ефективно) да управува со сите ресурси за остварување на интересите и целите на компанијата. Од тие причини управувањето со човечките ресурси е исклучиво сложен процес кој од одговорниот менаџер бара големо знаење и способност, многу поголемо отколку кога станува збор за управување со друг вид на ресурси.

Во срцето на секоја компанија се нејзините вработени. Од таа причина, за компанијата да биде попродуктивна и попрофитабилна, основна задача на HR менаџерот е вработување на квалитетни кадри, нивна мотивација и поттик за понатамошна едукација,  специјализација за проширување на постоечкото и стекнување на ново знаење со цел што е можно повеќе да придонесат за остварување на организациските цели. Денес, се повеќе се среќаваме со компании кои имаат исклучиво способни вработени со огромно знаење во својата дејност, но се незадоволни и се чувствуваат неисполнети во својата компанија. Основната причина е во недоволната грижа за развојот на менаџерите и нивните менаџерски способности. Имено, често се подразбира дека менаџерите знаат како да управуваат со човечкиот капитал, како да комуницираат со вработените и како да ги развиваат меѓусебните односи на соработка, доверба и разбирање. Доколку некој е одличен продавач, дали тоа значи дека е способен да биде менаџер на продажниот сектор? Но тоа не се покажало секојпат како точно. Многу е полесно да научите и развиете вештини во одредена област, отколку да станете добар менаџер.

Во современите компании, управувањето со човечките ресурси во целост ги поддржува стратешките насоки за развој на компанијата. Во тој случај, функцијата  човечки ресурси претставува агент на промените и гарантира реализација на посакуваната промена, односно претставува еден од инструментите за остварување на стратегијата на компанијата. Таа е инструментален дел од бизнис стратегијата и според тоа вложувањето во човечките ресурси е всушност вложување во компанијата, а не трошок!

Автор: Дијана Клекар, водечки HR професионалец со повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во интернационални компании (Raiffeisen, BP, Heineken)

Бидете дел од обуката: Напредни HR технологии за подобрување на продуктивноста на вработените. Повеќе информации на http://www.tsl.mk/

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg