10 бон-тон грешки заради кои не напредувате во кариерата, низ илустрации

Не ги критикувајте и не ги озборувајте колегите, внимавајте како комуницирате... Знаете ли на кои бон-тон правила мора да внимавате ако сакате да се покажете како вистински професионална личност и да напредувате во кариерата?

10-bon-ton-greshki-zaradi-koi-ne-napreduvate-vo-karierata-niz-ilustracii-01.jpg

Напредокот во вашата кариера не зависи само од добрите резултати што ги покажувате на работното место туку и од тоа колку сте почитувани.

Погледнете во продолжение на кои важни правила на однесување треба да внимавате, доколку сакате да напредувате во кариерата:

Не дискутирајте премногу за облеката и изгледот на колегите

Ова е дозволено само ако ви е таква работата. Во сите други случаи, станува збор за некултурно однесување и озборување.

Вашата работа е да бидете сконцентрирани на професионализмот на вашите колеги, а не нивниот изглед.

10-bon-ton-greshki-zaradi-koi-ne-napreduvate-vo-karierata-niz-ilustracii-04.jpg

Деталите од договорите не ги праќајте во пораки на социјалните мрежи, туку побарајте мејл

Наместо да го трошите времето на соработниците и клиентите, да ве чекаат додека да им ги напишете сите детали за договорите, најдобро е да побарате мејл адреса и во порака да ги соберете сите информации.

Запомнете – апликациите за допишување се наменети за кратки пораки, а сѐ што е пообемно се испраќа на мејл.

10-bon-ton-greshki-zaradi-koi-ne-napreduvate-vo-karierata-niz-ilustracii-07.jpg

Просторот за одмор не е приватна канцеларија

Просторот за одмор е наменет за вработените да одморат и да се опуштат, и тоа не само за една личност, туку за сите. Затоа мора да се почитуваат одредени правила.

Нема потреба да водите приватни разговори на цел глас во просторијата за одмор додека другите колеги ве слушаат.

Подобро е ова време да го искористите за да се спријателите со колегите и да размените идеи. Кога сте во оваа просторија, потрудете се да не бидете премногу гласни за да не им пречите на другите што сѐ уште работат.

10-bon-ton-greshki-zaradi-koi-ne-napreduvate-vo-karierata-niz-ilustracii-13-01.jpg

Не ги критикувајте колегите

Потрудете се на културен начин да им укажете на колегите каде грешат и запомнете дека тоа не треба да го направите јавно и пред сите.

Постои голема разлика од обидот да му се помогне на колегата, до јавната критика.

Потрудете се секогаш да го пофалите колегата за тоа што го прави правилно и понудете му помош за оној дел каде што сметате дека му треба помош.

На овој начин само ќе покажете дека сте вистински професионалци.

10-bon-ton-greshki-zaradi-koi-ne-napreduvate-vo-karierata-niz-ilustracii-10.jpg

Не им се јавувајте на колегите и претпоставените по работното време под изговор дека имате итен проблем

Пред да им се јавите на колегите и претпоставените, размислете добро дали навистина станува збор за итен проблем и дали не може да почека.

Потоа најдобро е прво да пратите СМС порака и да прашате дали смеете да се јавите, за да му дадете време на соговорникот да се подготви за разговорот.

10-bon-ton-greshki-zaradi-koi-ne-napreduvate-vo-karierata-niz-ilustracii-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
5 типа на луѓе што најчесто може да бидат жртви на булинг на работното место (и зошто?) Луѓето што се жртви на булинг на работното место најчесто се врвни професионалци...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg