10 бон-тон грешки заради кои не напредувате во кариерата, низ илустрации
Внимавајте на хиерархијата во компанија
Во секојдневието важи правилото дека вистинскиот џентлмен треба да ѝ ја држи вратата на дамата, но во канцелариите и на работното место постојат други правила.
Жената може да ја задржи вратата доколку дошла прва до неа и да му покаже почит на директорот или претпоставениот така што ќе го пушти да помине прв.
Не сакате да разговарате во групните разговори со колегите
Иако некогаш ви се чини дека нема потреба да се вклучувате во групните разговори затоа што сите можат да решат сѐ без вас и никој не го прифаќа вашето мислење, целосното игнорирање на пораките е некултурно.
Не ги споделувајте лошите вести во пораки нa социјалните мрежи
Доколку сте слушнале некои лоши вести, добро е да си премолчите. Не знаете во каков миг ја праќате пораката – дали личноста на која ѝ пишувате вози или има некоја друга важна работа во моментот.
Лошите вести секогаш кажете ги во очи.
Не глумете премногу пред да преминете на поентата
Во најголем број случаи, најдобро е брзо да преминете на поентата. Разговорот треба да биде краток, разбирлив и учтив.
Исто така, можете да пратите порака или мејл за да ѝ најавите на личноста дека сакате да разговарате.
Внимавајте како разговарате на телефон
Наместо да кажете: „Ало, кој е таму?“ добро би било прво да ја најавите компанијата во чие име се јавувате за да заштедите на време.
Секогаш претставете му се на соговорникот за да знае со кого разговара, или ако сте зафатени во моментот, кажете кога ќе можете да го побарате.
Б. С. Б. | Црнобело