Знаци дека сте „прегорени“ од работа и како да се справите со овој проблем
Поставете граници и немојте да ги прескокнувате паузите за ручек – што да правите ако сте „прегорени“ од работа и како да ја избегнете оваа појава во иднина?
Хроничниот стрес може да предизвика таканаречено „прегорување“ од работа кое има негативно влијание не само врз продуктивноста, туку и врз секој аспект од животот.
Затоа, важно е да знаете како да ја воочите оваа појава, како да се справите со неа, но и како да го намалите ризикот.
Која е разликата помеѓу стрес и „прегорување“ од работа?
Стресот е честа појава и е одговор на телото на ситуација која ја перципираме како закана.
Во одредена мера, стресот може да биде и добар за нас бидејќи нè поттикнува да направиме нешто. Свесни сме дека кога ќе завршиме одредена обврска, ќе се ослободиме и од стресот.
Но, долгата изложеност на стрес предизвикува низа проблеми, вклучувајќи го и таканареченото „прегорување“ од работа.
Хроничниот стрес предизвикува непријатни симптоми, вклучувајќи и физички, емоционален и ментален премор.
Сето ова не само што ви ја намалува продуктивноста на работа, туку може да претставува пречка во секој аспект од вашиот живот.
Жените се изложени на поголем ризик од „прегорување“
Додека прегорувањето се јавува и кај мажи и кај жени, се претпоставува дека жените се изложени на многу поголем ризик.
Постојат неколку причини за оваа појава.
Најпрво, факт е дека во светот уште владее нееднаквост, па на жените им е потешко да стигнат до повисока позиција за разлика од мажите. Ова предизвикува фрустрација, намалена самодоверба, но и дополнителен стрес.
Покрај тоа, во многу домаќинства се очекува жената да биде одговорна за домашните обврски, без разлика што оди на работа.
Ова значи дека многу жени немаат воопшто време за себе бидејќи кога ќе се вратат од работа, дома ги чекаат дополнителни обврски.
Како да се справите со „прегорувањето“ од работа?
Поставете граници
Најпрво научете да кажувате „не“. Не мора да им помагате на сите колеги кога нема време или да ги преземате нивните обврски бидејќи ве замолиле.
Нормално е да сакате да се покажете како добар работник, но не треба да го првите ова на сметка на вашето здравје.
Наместо тоа, фокусирајте се на она што е навистина важно на вашето работно место и дајте го најдоброто од себе.
Кога нема да бидете натрупани со безброј обврски, квалитетот на вашата работа ќе биде многу подобар, а ќе се намали и нивото на стрес.