Знаци дека сте „прегорени“ од работа и како да се справите со овој проблем

Обрнете внимание на социјалниот аспект од работата

Иако одиме на работа за да работиме, ова не значи дека треба да се изолирате од сите околу вас.

Не мора да станете најдобри пријатели со вашите колеги, но потрудете се секој ден да размените по барем неколку зборови.

Исто така, поработете на кругот на пријатели и во приватниот живот. Важно е да имате личност на којашто можете да ѝ се доверите и со која можете да разговарате за вашите проблеми, без разлика дали тоа е љубовен партнер или пријател.

Дружбата со луѓе што ни значат го намалува стресот, а со тоа и ризикот од „прегорување“.

znaci-deka-ste-pregoreni-od-rabota-i-kako-da-se-spravite-so-ovoj-problem-05.jpg

Користете ја паузата на работа

Не си правите никакво добро ако не ја користите паузата на работа – со ова ниту сте попродуктивни, ниту имате можност да го намалите стресот.

Нивото на продуктивност драстично се намалува по одреден период, па важно е да направите пауза, барем на пет минути.

Ако сте во можност, користете ја паузата за ручек надвор од канцеларија. Ова ќе ви даде можност колку-толку да се ослободите од стресот.

znaci-deka-ste-pregoreni-od-rabota-i-kako-da-se-spravite-so-ovoj-problem-06.jpg

Сменете си го ставот кон животот и работата

Ретко кој ја работи работата од соништата, а оние кои не успеале во ова не значи дека мора да се мизерни.

Ако секое утро си кажувате колку не ви се оди на работа, нормално дека работниот ден ќе ви биде стресен.

Ако сè уште не сте на работното место што го посакувате, пробајте да ги со промените ставот кон сегашното.

Наместо да очајувате, присетете се дека ова работно место ве носи чекор поблиску до она што го сакате.

Секако, не можете постојано да бидете позитивни и некогаш ќе имате и лоши денови, но генерално не им дозволувајте на негативните мисли да ве надвладеат.

znaci-deka-ste-pregoreni-od-rabota-i-kako-da-se-spravite-so-ovoj-problem-07.jpg

Намалете го стресот во понеделник

За оние кои не работат за викенди, понеделник е најстресниот ден од неделата.

Ако сте како повеќето, веројатно во понеделник сте под стрес уште пред да станете од кревет.

За колку-толку да го избегнете ова, пробајте да ги отстраните работите кои ви предизвикуваат стрес.

На пример, ако можете, преместете ги состаноците и важните обврски за вторник, а во понеделник направете го само она што е неопходно.

Кога ќе ви заврши работниот ден, избегнувајте да проверувате мејлови или да продолжувате да работите од дома.

Добро би било и да се разбудите порано за да имате време да се средите без брзање.

Веќе следниот ден ќе бидете поподготвени за работа и поверојатно е целата работна недела да ви биде помалку стресна.

znaci-deka-ste-pregoreni-od-rabota-i-kako-da-se-spravite-so-ovoj-problem-08.jpg

Доколку стресот од работата ви претставува навистина сериозен проблем, тогаш добро би било да разговарате и со професионалец.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg