Најголемите придобивки од пренаталната јога + 5 едноставни вежби кои можете да ги правите дома

Пренаталната јога претставува јога со послаб интензитет, специјално дизајнирана за бремените жени и промените низ кои минува нивното тело.

najgolemite-pridobivki-od-prenatalnata-joga-5-ednostavni-vezhbi-koi-mozhete-da-gi-pravite-doma-01.jpg

Штом ќе се консултирате со лекар и ќе добиете дозвола од него, можете да почнете со пренатална јога уште во првите месеци од бременоста, и да ги изведувате вежбите сè додека се чувствувате удобно.

Најголемите придобивки од пренатална јога

Овој вид јога се фокусира на комфорот на идната мајка за време на многуте промени кои настануваат во текот на бременоста. Истовремено, во пренаталната јога спаѓаат и техники и вежби за дишење кои релаксираат.

Најчестите придобивки се:

  • Намалена болка во долниот дел од грбот
  • Подобри рамнотежа и координација
  • Подобро ментално здравје
  • Свесност и прифаќање на промените кои настануваат во телото
  • Зајакнати мускули

najgolemite-pridobivki-od-prenatalnata-joga-5-ednostavni-vezhbi-koi-mozhete-da-gi-pravite-doma-02.jpg

Неколку едноставни пренатални јога вежби

Важно е да знаете дека можеби не сите вежби ќе ви бидат пријатни, и тоа е сосем во ред. Нема потреба да се форсирате и штом не се чувствувате удобно во некоја положба, немојте да ја правите.

Нормално, редовно консултирајте се и со лекар, особено ако вежбате сами дома, без инструктор.

Прва вежба

Оваа вежба ја подобрува стабилноста во колковите и рамената, а истовремено ги зајакнува стомачните и мускулите на задникот.

Застанете на сите четири со исправен грб. Во исто време испружете ги левата рака и десната нога, како на илустрацијата. Држете неколку секунди, па повторете со другата страна.

Ако имате проблеми со рамнотежата, слободно придржувајте се за ѕид или столче, или кренете ја само раката, па потоа ногата.

najgolemite-pridobivki-od-prenatalnata-joga-5-ednostavni-vezhbi-koi-mozhete-da-gi-pravite-doma-03.jpg

Втора вежба

Оваа вежба го намалува притисокот од стомакот на грбот, со тоа ублажувајќи ги болките.

Ставете ги колената на подот и раширете ги, а под задникот спојте ги стапалата. Нежно навалете се кон напред и останете во положбата неколку секунди.

Во овој случај добро би било да користите и перница и на неа да ја потпрете главата, како на илустрацијата.

najgolemite-pridobivki-od-prenatalnata-joga-5-ednostavni-vezhbi-koi-mozhete-da-gi-pravite-doma-04.jpg

Трета вежба

Оваа вежба ги релаксира колковите и ги зајакнува мускулите на горниот дел од нозете.

Застанете исправено и раширете ги нозете приближно колку колковите. Прстите од стапалата треба да бидат свртени кон напред. Бавно клекнете и спојте ги дланките пред вас, а со лактовите туркајте ги колената – како на илустрацијата. Останете во положбата неколку секунди.

Ако имате проблеми со рамнотежата, можете да поставите и ниско столче на кое ќе се потпирате со задникот додека сте клекнати.

najgolemite-pridobivki-od-prenatalnata-joga-5-ednostavni-vezhbi-koi-mozhete-da-gi-pravite-doma-05.jpg

Четврта вежба

Оваа вежба ги истегнува колковите и рамената и го подобрува дишењето.

Застанете исправено и раширете ги нозете колку колковите. Свртете го десното стапало кон надвор и бавно наведнете се кон десната страна со испружена рака. Левата рака испружете ја нагоре, во линија со десната и свртете ја главата нагоре, како на илустрацијата. Држете неколку секунди, па повторете од другата страна

Нема потреба да се обидувате да го допрете подот со долната рака – слободно користете столче или што било како потпора. Исто така, ако чувствувате неудобност, намалете го растојанието помеѓу нозете.

najgolemite-pridobivki-od-prenatalnata-joga-5-ednostavni-vezhbi-koi-mozhete-da-gi-pravite-doma-06.jpg

Петта вежба

Оваа вежба ги растегнува колковите и ја намалува болката во грбот.

Застанете исправено со раширени нозе и свртете го левото стапало кон надвор. Испружете ги рацете од страна, свртете ја главата кон лево и бавно спуштајте се надолу, виткајќи го левото колено, додека не формира прав агол. Десната нога треба да биде исправена. Држете неколку секунди, па повторете на другата страна.

И во овој случај можете да ја модифицирање позата според вашите можности – држете се за ѕидот, намалете го растојанието помеѓу нозете, не клекнувајте премногу…

najgolemite-pridobivki-od-prenatalnata-joga-5-ednostavni-vezhbi-koi-mozhete-da-gi-pravite-doma-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Вежби за рамни стапала – ја намалуваат и болката Рамните стапала се релативно честа појава и можат да предизвикаат болка, па преп...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg