Видео туторијали за пилатес - вежбајте дури и ако не одите на одмор летово
Онлајн курсевите и видеата со вежбање станаа вистински хит периодов, а сигурно ќе бидат барани и откако ќе заврши пандемијата.
Кога станува збор за вежбање, користењето видеа е многу попрактично бидејќи нема потреба да излегувате од домот, ниту да плаќате за теретана или час по пилатес, јога и слично.
Ако отсекогаш сте сакале да пробате да вежбате пилатес, сега имате можност за тоа.
Во продолжение се осум видеа со одличен тренинг за почетници:
20-минутно видео за обликување на целото тело
Со ова видео, за само 20 минути ќе ги активирате сите поголеми мускулни групи во телото. Видеото е снимено од неколку агли, така што ќе можете да видите како точно треба да изгледа секоја вежба.
Пилатес за истегнување на целото тело
Во ова видео, инструкторката ги покажува најдобрите вежби за истегнување на нозете, рацете и стомачните мускули. Уште подобро е што со секоја вежба, таа објаснува и како правилно да дишете.
8-минутен тренинг со послаб интензитет
Ако сакате пилатес со послаб интензитет, ова видео е совршено за вас. Видеото трае осум минути, а вежбите за истегнување се погодни за наутро - ќе ви помогнат да се раздвижите и да се наполните со енергија.
Пилатес за стомачни
Ако целта ви е да ги зајакнете стомачните, погледнете го ова видео. Овде ќе научите пет пилатес вежби што ги зајакнуваат стомачните мускули.