Доволно се улежавтe - 5 јога вежби што е добро да ги правите секој ден

Ако редовно вежбате, веројатно се истегнувате пред и после секој тренинг. Но, истегнувањето е активност што е добро да ја практикувате секој ден, без разлика дали ќе вежбате нешто друго.

pet-joga-vezhbi-shto-e-dobro-da-gi-pravite-sekoj-den-01.jpg

Јогата, пак, е можеби најдобриот начин да го истегнете секој дел од вашето тело. А, таа не само што ќе ве направи посилни и поздрави, туку ќе ви го подобри и расположението.

За среќа, нема потреба да трошите многу време на истегнување - сосема доволно е секој ден да ги правите овие пет вежби:

Вежба број 1

Застанете „на сите четири“, со дланките поставени во ширина на рамената. Колената треба да ги поставите под колковите.

Застанете на прстите од стапалата, бавно подигнете ги колковите и застанете во положба како на фотографијата.

Притискајте ги петите кон подот, но нема потреба да го допирате ако не сте доволно флексибилни.

Погледот насочете го кон нозете. Вдишете и издишете петпати и вратете се во почетната положба.

pet-joga-vezhbi-shto-e-dobro-da-gi-pravite-sekoj-den-02.jog.jpg

Вежба број 2

Застанете на колена со рацете на подот пред вас.

Вдишете и исправете ја главата, спуштајќи го стомакот кон подот, како на фотографијата. Оваа положба е наречена крава.

Издишете и свиткајте го грбот нагоре, собирајќи го стомакот. Навалете ја главата напред, придвижувајќи ја брадата кон градите. Оваа положба е наречена мачка.

Наизменично менувајте ги положбите неколкупати, обрнувајќи внимание на дишењето.

pet-joga-vezhbi-shto-e-dobro-da-gi-pravite-sekoj-den-03.jpg

Вежба број 3

Седнете исправено на земјата и испружете ги нозете напред.

Вдишете и кренете ги рацете нагоре. Издишете и почнете да се навалувате кон напред и допрете ги стапалата. Ако не сте доволно флексибилни, слободно свиткајте ги колената и грбот додека ги допирате стапалата.

Бавно вдишувајте и издишувајте петпати и вратете е во почетната положба.

pet-joga-vezhbi-shto-e-dobro-da-gi-pravite-sekoj-den-04.jpg

Вежба број 4

Легнете на земја на грб, со свиткани колена и со стапалата поставени на подот. Колената треба да бидат раширени колку колковите, а рацете држете ги покрај телото.

Полека почнете да ги кревате колковите нагоре. Доколку можете, под вас спојте ги дланките, како на фотографијата.

Бавно вдишувајте и издишувајте петпати и вратете се во почетната положба.

pet-joga-vezhbi-shto-e-dobro-da-gi-pravite-sekoj-den-05.jpg

Вежба број 5

Седнете исправено на земја и испружете ги нозете напред. Свиткајте го левото колено и поставете го левото стапало од надворешната страна на десното колено (како на фотографијата).

Поставете ја левата рака зад вас, а десниот лакт поставете го на левото колено.

Со издишување свртете се кон лево, помагајќи си со двете раце.

Вдишувајте и издишувајте петпати, а потоа повторете на другата страна.

pet-joga-vezhbi-shto-e-dobro-da-gi-pravite-sekoj-den-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
Вежби за рамни стапала – ја намалуваат и болката Рамните стапала се релативно честа појава и можат да предизвикаат болка, па преп...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg