Науката потврди - Вежбањето ве прави посреќни од парите
Сега и официјално може да се каже дека вежбањето навистина ќе ве направи посреќни од парите. Се разбира, за ова ви се потребни вистинските околности.
Неколку истражувања нашле поврзаност помеѓу среќата и вежбањето, а ова дефинитивно ќе ве мотивира уште денес да одите во теретана.
Вежбањето може да ве направи исто среќни колку и зголемување на платата
Во истражување од Јејл и Оксфорд, научниците прашале околу 1,2 милиони Американци за нивната рутина за вежбање. Притоа, истражувачите собирале и други податоци за испитаниците, како пол, примања, брачен статус, медицинска историја и слично.
Ова им помогнало да најдат директна врска помеѓу среќата и физичката активност.
Излегло дека луѓето кои вежбале, на своето ментално здравје му дале 43% повисока оценка, за разлика од оние кои не вежбале.
Се открило дека физичката активност прави луѓето да се чувствуваат исто задоволно како да им ја покачиле платата.
Претераното вежбање не е секогаш подобро
Ова не значи дека треба секој ден да вежбате со часови.
Истражувачите заклучиле дека претераното вежбање може да биде контрапродуктивно. Се покажало дека најдобрите резултати ги добиле луѓето кои биле физички активни помеѓу 30 и 60 минути, 5 пати неделно.
Некои спортови ќе ве направат посреќни од другите
Истражувачите откриле и дека некои спортови имаат поголемо влијание врз среќата на луѓето. Воглавно, овде спаѓаат групните спортови, најмногу бидејќи вклучуваат социјализација.
Аеробикот и велосипедизмот имале исто влијание врз среќата, иако не се сметаат за групни спортови.
20-минутна аеробик рутина
Според истражување од Универзитетот во Вермонт, доволно се 20 минути вежбање во текот на денот за да се чувствувате посреќно наредните 12 часа.
Пред вежбање, можете да се загреете со одење во место, а потоа постепено да вметнувате други вежби, како кревање на рацете, чучнувања и слично.
Потоа можете да продолжите со 5 минути боксирање и удирање со ногата.
Потоа правете скокови една минута, па повторете ја целата рутина.
На крајот од вежбањето, застанете во положба планк и држете ја околу една минута.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





