Зошто е добро секаде да одите пешки?
Дали знаевте дека одењето е најдобриот лек за луѓето? Во човечка природа е, веќе по првите месеци од животот, да има желба да оди. Поради оваа причина, одењето или пешачењето е најприродната форма на движење.
Покрај тоа, важно е да знаете како пешачењето, па дури и ако трае 10 минути, е добро за нашето целокупно здравје.
Пешачењето може да го промени начинот на кој некои делови од мозокот комуницираат и координираат едни со други, а во голема мерка ја подобрува функцијата на меморијата.
Самиот Хипократ верувал дека пешачењето е најдобриот лек за човекот...
Зошто е добро да пешачите?
Постојат многу докази кои укажуваат на тоа дека физичката активност има позитивен ефект врз целокупното здравје и, со самото тоа, на здравјето на мозокот и мозочните клетки.
Пешачењето штити од деменција
Пешачењето го подобрува протокот на крвта и го намалува ризикот од васкуларни заболувања, а штити и од деменција. Исто така, редовно вежбање е еден од најдобрите начини да се спречи Алцхајмерова болест.
Пешачењето е добро за правење планови
Пешачење ви дава време да бидете сами со своите мисли, а ова е најдобро време да го испланирате денот пред нас.
Со пешачење до подобро расположение
Пешачењето влијае на расположението и може да биде додаток во борбата против депресијата. Активноста го зголемува нивото на ендорфин и ви помага да се ослободите од стресот.
Луѓето кои страдаат од депресија, кои пешачат помеѓу 30 и 45 минути, пет пати неделно, пријавиле значително подобрување во нивната ментална состојба.
Ако сакате да се чувствувате подобро или да се ослободите од негативната енергија после напорниот ден, еден час во теретана или 30-минутна прошетка може да ви помогне.
Редовното тренирање ќе ви помогне да се чувствувате подобро и да имате подобро мислење за изгледот на вашето тело, што ќе ја зголеми вашата самодоверба.
Ја контролира тежината
Редовно вежбање спречува добивање на непотребни килограми, но исто така и помага при губење на вишок килограми. Додека тренирате, калориите се губат. Што значи дека колку повеќе вежбате, толку повеќе калории ќе „стопите“.
Одлично е ако можете редовно да одите во теретана, но не грижете се ако не тренирате секој ден. Бидете креативни во вашите дневни активности и пешачете што е можно повеќе.
Може да биде забавна и социјална активност
Вежбањето и физичката активност можат да бидат пријатни. Ви даваат можност да се опуштите, да уживате во природата или едноставно да се вклучите во активности што ве прават среќни.
Исто така, може да ви помогне да се поврзете со семејството или пријателите во забавно социјално опкружување.
Затоа, земете часови по танц, пешачете сами или придружете се на некој спортски тим. Најдете физичка активност во која ќе уживате. Ако ви е здодевно обидете се со нешто ново.
Ашера | Црнобело