Вежби кои Кинезите ги практикуваат за намалување на крвниот притисок, без терапија

Пекинг е дефинитивно еден од еколошки најнепогодните градови за живеење. Истовремено, пак, просечниот животен век на луѓето во Пекинг е над 80 години.

kineski-vezhbi-shto-kje-vi-go-namalat-krvniot-pritisok-i-kje-vi-go-prodolzhat-zhivotot-01.jpg

Главната причина за ова можеби е една интересна традиција – на секое мирно место во градот можете да најдете група луѓе на секоја возраст, кои вежбаат ориентална гимнастика.

Кигонг е кинеска техника за опуштање и воглавно се користи за намалување на крвниот притисок и регулирање на чукањето на срцето. Техниката може да се користи после гимнастика, помеѓу вежбите или кога ќе почувствувате замор.

Кигонг на кинески значи „Управување со енергијата“.

Првиот дел од реченицата значи енергија и виталност. Кигонг учи дека ’рбетот е одговорен за хармоничниот проток на ки.

„Гонг“, пак, може да се преведи како „време потребно за постигнување некоја цел“.

Вежба за целосно опуштање

Застанете исправено со споени нозе. Рацете спуштете ги покрај телото, затворете ги очите и вдишете и издишете низ носот.

Фокусирајте се на опуштањето на мускулите на главата и целото тело.

Малку раздвижете ги рамената па опуштете ги.

Фокусирајте се на опуштање на рацете, а потоа бавно свиткајте ги, испружете ги и опуштете ги.

Вдишете длабоко и замислувајте си како ги опуштате грбот и градите. Потоа седнете на подот и испружете ги нозете.

Фокусирајте се на дишењето и релаксирањето и дишете бавно. Останете во оваа положба 5 минути.

kineski-vezhbi-shto-kje-vi-go-namalat-krvniot-pritisok-i-kje-vi-go-prodolzhat-zhivotot-02.jpg

Вежба „плетенка“

Седнете на подот со испружени и споени нозе. Испреплетете ги прстите и притиснете ги дланките на градите. Навалете ја брадата на градите.

Вдишете низ нос и издишувајте низ уста додека ги движите дланките напред кон стапалата. Вратете се во почетната положба.

Вдишете и додека издишувате, движете ги дланките кон стапалата.

Вежбата треба да ја изведувате бавно и што е можно подолго. Можете да направите 10 повторувања, додека Кинезите сметаат дека најдобро е да направите 36 повторување.

kineski-vezhbi-shto-kje-vi-go-namalat-krvniot-pritisok-i-kje-vi-go-prodolzhat-zhivotot-03.jpg

Вежба преклопување

Седнете на подот со испружени нозе.

Вдишете низ нос, а издишувајте низ устата додека со дланките полека ги допирате прстите на стапалата.

Главата треба да ви стигне до колената.

Исправете се и вдишете од нос. Издишувајте додека се наведнувате кон напред.

kineski-vezhbi-shto-kje-vi-go-namalat-krvniot-pritisok-i-kje-vi-go-prodolzhat-zhivotot-04.jpg

Чучнувања

Кинезите сметаат дека чучнувањата се одлична вежба за постарите, бидејќи го намалуваат крвниот притисок.

Можете да ги правите чучнувањата држејќи се за нешто во висина на вашата половина.

Чучнувањата правете ги полека, со исправен грб.

kineski-vezhbi-shto-kje-vi-go-namalat-krvniot-pritisok-i-kje-vi-go-prodolzhat-zhivotot-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
Вежби за рамни стапала – ја намалуваат и болката Рамните стапала се релативно честа појава и можат да предизвикаат болка, па преп...
4 лесни вежби за стомак, задник и нозе Со едно обично столче и малку добра волја, можете да правите едноставни вежби и ...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg