Лоши навики кои го чуваат вашето здравје

Модерните времиња ни донесоа многу сознанија и товар за тоа што сè мораме да правиме за да бидеме здрави. Но, некои лоши навики, сепак, на крајот можат да бидат во наша корист.

losi-naviki-koi-go-cuvaat-vaseto-zdravje-01

Заборавивте да земете витамини

Редовното земање витамини и минерали не е лошо, ама може да ви даде порив да претерате со некои работи од храната. Студијата објавена во магазинот „Psychological Science“ вели дека некои волонтери кои редовно земале витамини јаделе многу повеќе нездрава храна и помалку се движеле. Психолозите кажуваат како луѓето кои земаат витамини понекогаш сметаат дека заради тоа можат да се опуштат во однос на храната и дека витамините ги штитат. Но, тоа е лажно и погрешно чувство.

Го прескокнувате вежбањето

Кога одбирате да се излежувате во креветот наместо да правите утрински вежби, знајте дека не сте направиле ништо лошо. Научниците на Универзитетот Брунел откриле дека утринските вежби може да предизвикаат пад на имунитетот, па може да бидете подложни на настинки и вируси. Ако се чувствувате полошо од вообичаено слободно прескокнете ја утринската гимнастика.

Обилен појадок

Далеку од тоа дека е лоша навика, добриот појадок го спречува дури и ризикот од срцеви заболувања. Се смета дека жените кои јаделе обилен појадок и полесна вечера губеле двојно повеќе килограми од оние кои јаделе обратно, без оглед на истото количество калории.

Кафе

Кафето е на црната листа лоши напитоци, но, сепак, постои една добра причина за да не се откажете. Едно истражување на престижниот Универзитет Харвард покажало дека жените се за 20 отсто помалку депресивни ако пијат околу четири филџани кафе дневно. Кафето е исто така богато со антиоксиданси и кофеин што го подигнува серотонинот и допаминот во мозокот, а тие се сепак заслужни за доброто расположение.

Јаглени хидрати

Тестенини и компир се најлоши намирници кога е витката линија во прашање, но воопшто не е лошо да ги заборавите тие совети на фитнес инструктори, бидејќи многу добро влијае на здравјето. Важно е само на која температура ги сервирате во мали количини. Изладените тестенини и компири создаваат скроб кој ферментира во цревата и поттикнува произведување масни киселини и добри бактерии. Неодамна објавената студија споменува како тоа ги намалува воспаленијата во цревата, што е поврзано со карциномот.

Избегнувате домашни обврски

Ве гризе совеста дека немате доволно волја за детално да ја исчистите куќата и сите ќошиња. Од тоа би можеле да имате здравствена корист. Научниците на Универзитетот Стенфорд заклучуваат дека некои бактерии како Ешерихија коли, со текот на времето развиваат отпорност на основните штетни состојки кои се наоѓаат во средствата за чистење. Затоа, поголема е можноста дека тоа ќе се случи ако сте склони кон постојаното чистење на куќата и ако не ги менувате средствата повремено.

Би можело да ве интересира:

Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
Водич: Како да се вратите во форма за еден месец, само со пешачење? АКо се „улегнавте“ во летниот период, можете да се вратите во форма само со пеша...
10-минутна вежба за рамен стомак и по 40-тата година во животот „Сигурно ќе ја пробам оваа вежба“ – велат следбеничките на оваа инфлуенсерка кој...
6 утрински вежби што ќе ви дадат енергија (се прават и во кревет) Ако немате многу време (или енергија) за вежбање, сигурно можете да одвоите 10-т...
7 вежби за нозе, идеални ако имате проширени вени Недостатокот од физичка активност е една од причините за појава на проширени вен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg