Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки)
Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можат да ги прават сите, а притоа да ги почувствуваат бројните позитивни ефекти.
Овојпат ќе се фокусираме на само една јога вежба која може да ви помогне да се ослободите од неколку проблеми.
Како да ја направите вежбата?
- На подот ставете простирка за вежбање (или крпа, чаршаф…).
- Легнете на грб така што задникот ќе ви биде „залепен“ за ѕидот, а нозете исправени и потпрени на ѕидот.
- Поставете ги рацете покрај телото.
- Останете во положбата од 15 до 20 минути.
Важно е да носите и удобна облека.
Немојте да ја правите вежбата ако имате проблеми и повреди на грбот или нозете.
Може да ја правите вежбата секоја вечер пред спиење, или два-трипати неделно.
Кои се придобивките од вежбата?
Помага за отечени нозе
Покрај проблемите со циркулацијата, отечените нозе можат да бидат предизвикани и од неудобни чевли, долго стоење, па и прекумерна тежина.
Секако, ако имате здравствен проблем поради кој ви отекуваат нозете, треба да одите на лекар.
Во меѓувреме, можете да ја направите вежбата за да ја подобрите циркулацијата и да го намалите отокот.
Намалени болки во нозете
Секоја жена знае колку болка можат да предизвикаат штиклите, особено ако се носат неколку часа.
За да ја ублажите оваа болка, кога ќе си дојдете дома доволно е да ја направите вежбата.
Ефектот ќе биде уште подобар ако одвоите и малку време за масажа на стапалата.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





