Се возат во автобус како луѓе, имаат културни манири – чувачи на кучиња во Алјаска споделуваат хит видеа
„Ми се допаѓа како сите си го знаат своето седиште и се поздравуваат меѓусебно“ - дел од коментарите за кучињата кои се однесуваат како луѓе и се хит сензација на социјалните мрежи, а ги споделува пар кој ги чува кучињата на Алјаска и ги зема со автобус од домовите.
Зад профилот Mo mountain mutts стои млад брачен пар од Алјаска кој својот мал бизнис на чување кучиња, го претворија во вирална сензација со милионски прегледи.
Тие секое утро со својот автобус ги собираат кучињата што ги чуваат и ги носат во природа каде што можат да се истрчаат по снегот.
Сопругата, Мо Томпсон, која е основачот на овој мал бизнис, се преселила од Мичиген на Алјаска за да го живее својот сон.
„Најдобриот дел е кога сопствениците на кучињата ќе видат кој е нивниот потенцијал и за што се способни. Ми се допаѓа кога еден сопственик ќе си го види кучето како напредува и се здобива со самодоверба“ вели сопственичката Мо Томпсон за Cater Clips.
Парот со себе го носи и нивното бебе, но и двете кучиња кои ги поседуваат.
Во видеата може да се види дека кучињата се со манири, го чекаат автобусот како луѓе на постојка, секое си го знае своето место на седење и седат мирно како ученичиња без да прават никаков проблем.
Дел од коментарите на видеата:
„Ми се допаѓа како сите си го знаат своето седиште и се поздравуваат меѓусебно.“
„Ова е мојата работа од соништата!“
„Изгледа ја избрав погрешната професија.“
„Не можам да престанам да го гледам ова.“
„Зошто не можеме да ги натераме и тинејџерите да се однесуваат вака?“
Овие се дел од нивните видеа:
@mo_mountain_mutts You guys asked to see the dogs getting on the bus #foryou #dogs #puppybus #alaska ♬ original sound - Mo_Mountain_Mutts
@mo_mountain_mutts Thank you for riding with Mo Mountain Mutts, please enjoy your #complimentaryliver #busrides #puppybus #alaska #dogs ♬ original sound - Mo_Mountain_Mutts
@mo_mountain_mutts #complimentaryliver #busride #alaska ♬ original sound - Mo_Mountain_Mutts
М. Л. | Црнобело