Ван Гог e куче со едно уво, кое слика ремек-дела со неговиот јазик, откако било спасено од борби со кучиња
Ова е една прекрасна и топла приказна за тоа како може да се помогне на спасено куче, а со тоа да му се даде нов дом и да му се поттикне вистински талент. Откако беше спасено од нелегални борби со кучиња во Северна Каролина, ова седумгодишно куче доби втора шанса за живот - и со поттикнатиот талент изработува прекрасни уметнички дела.
Од една страна го имаме Винсент ван Гог - легендарен уметник од 19 век кој насликал над 2.000 дела и славно си го отсекол едното уво во напад на лудило за кој подоцна немал никакво сеќавање.
Од друга страна, го имаме кучето Ван Гог, седумгодишна мешавина од боксер и пит бул. Помеѓу познатиот сликар и ова куче, освен името (и недостатокот на едно уво) има и друга сличност: и кучето е феноменален сликар.
Kога Ван Гог бил спасен од нелегален прстен за борби со кучиња во Северна Каролина, каде што бил користен како мамка за останатите боречки кучиња, неговото уво било во толку лоша состојба, што била потребна итна ампутација.
Но, наместо да дозволи тоа да го одврати или натажи, Џејклин Гартнер, основач на здружението за животни Happily Furever After Rescue во Конектикат, решила да му го даде на кучето среќниот живот што го заслужува.
Не само што Гартнер му дала име на кучето по познатиот сликар со едно уво, таа успеала да изнајде и еден паметен начин да му помогне на Ван Гог да создадва уникатни уметнички дела.
Гартнер зема празно платно и фрла неколку топчиња боја врз него. Потоа, таа го става платното во запечатена пластична кеса - која потоа ја премачкува однадвор со путер од кикиритки. А, Ван Гог обожава путер од кикиритки.
И додека тој го лиже путерот, целата боја се размачкува наоколу и се доздава дизајнот на сликата.
Гартнер дури организираше изложба за да помогне да се соберат пари и да се најде постојан дом за Ван Гог.
Оттогаш, Ван Гог стана нешто како славна личност во светот на кучешката уметност. Досега има продадено 30 парчиња кои во просек чинат по околу 40 долари.
Иако можеби постигна уметнички успех, на Ван Гог сè уште му недостасува нешто што очајно му треба: постојан и топол дом исполнет со љубов.
Во овие ладни месеци, најмногу сме им потребни на кучињата бездомници и оние кои нелегално се користат за човечки цели.
Можеби треба и ние да размислиме да помогнеме на некои од нив (да ги спасиме), па не знаеме кое од нив би станало следната сензација во светот на кучешката уметност.
К. А. | Црнобело