Првпат во историјата, во зоолошка во Швајцарија се роди албино галапагос желка (фото)
„Бевме изненадени кога откривме албино бебе. Ова е првпат во историјата да се роди албино галапагос желка во зоолошка“, гласи изјавата на еден од вработените.
Желките галапагос потекнуваат од истоимениот архипелаг кој се наоѓа во Тихиот Океан.
Овие суштества се навистина неверојатни и можат да достигнат должина до 1,3 метри, а тежина до 300 килограми. Покрај тоа, тие се и навистина долговечни и генерално живеат по 100 години.
Бројот на овие желки во дивината е многу мал – најмногу 15.000 – бидејќи нивната репродукција се одвива многу тешко и бавно.
Со цел да се заштити видот, многу вакви желки се чуваат во зоолошки и резервати, а вистинско изненадување е кога некоја женка ќе добие малечки.
Токму ова се случи во Tropiquarium, зоолошка во Швајцарија.
Во зоолошката се извеле две мали желки на почетокот од мај, а едната од нив е албино. Малите желки извесен период биле сместени во инкубатор, па кога од зоолошката воочиле дека се во добра состојба, ги споделија убавите вести со светот.
Овој настан е навистина посебен бидејќи досега во ниту една зоолошка се нема родено албино галапагос желка.
„Бевме изненадени кога откривме албино бебе. Ова е првпат во историјата да се роди албино галапагос желка во зоолошка“, гласи изјавата на еден од вработените.
Всушност, досега научниците немаат најдено албино галапагос желка ни во дивината. Сепак, според некои пресметки, веруваат дека на секои 100.000 галапагос желки би се родила една албино.
Експертите сметаат дека во дивината, албино галапагос желките не би можеле да преживеат. Наводно, албинизмот може да има влијание врз нивната способност за преживување и ги прави поранливи пред предаторите. Исто така, албинизмот ги прави и многу чувствителни на сонце.
Што значи, на ова малечко драстично му се зголемени шансите за живот во зоолошката каде што ќе ја добие целата потребна нега.
Спирова С. | Црнобело