Го прегрнувате и уште 8 грешки со кои можете да предизвикате агресија кај кучето, според ветеринари
Немојте да го дресирате кучето со казнување – очигледно е зошто удирањето и покажувањето сила може да предизвика агресија кај него.
Кучињата навистина можат да ни бидат најдобри пријатели и да нè разберат, но не треба да заборавиме дека тие сепак се животни и можат да го интерпретираат нашето однесување погрешно.
Дури и за најмирните кучиња, некои постапки на луѓето изгледаат заканувачки или како знак на агресија, па кај нив можат да предизвикаат агресивен одговор.
За да им помогнат на сопствениците, за Insider неколку ветеринари откриваат со кои постапки и грешки има опасност да се предизвика агресија кај кучињата.
За кои грешки станува збор?
Му дувате во лицето
Можеби нивната реакција ви изгледа слатко и смешно, но повеќето кучиња не сакаат кога им дувате во лицето. Ова може да ги исплаши и збуни.
Исто така, кучињата можат да го протолкуваат ова однесување како агресија, па и самите да станат агресивни.
Дувањето може и да го исуши носот на кучето, па да му предизвика проблеми со сетилото за мирис.
Долго го гледате во очи
Гледањето во очи може да направи кучето да се чувствува многу неудобно, особено ако вие воопшто не се движите.
За кучињата, интензивното гледање во очи е знак на агресија, па за да го избегнете ова тргајте го погледот по неколку секунди.
Некои кучиња се чувствуваат непријатно околу деца
Постојат кучиња кои се одлични со деца, но има и кучиња кои не се чувствуваат најпријатно околу нив.
Едноставно, некои кучиња не сакаат врева и многу играње – нешта што ги прават скоро сите деца.
Па, ако забележите дека вашето куче го менува однесувањето во близина на деца, држете го понастрана од нив за да избегнете незгоди.
Кучињата можат да покажат агресија ако ги вознемирувате додека спијат
Некои кучиња можат да се исплашат доколку ги разбудите, а токму стравот ќе ги натера да покажат агресија.
Ова е почеста појава кај постари кучиња кои имаат проблеми со слухот и не можат да слушнат дека има некој до нив.