Кула од кал висока неколку метри, кошници на пчели: Неверојатни живеалишта што птиците и инсектите си ги прават сами
Знаевте ли дека постои вид термити кои живеат во огромни кули од кал што можат да достигнат висина и по неколку метри?
Повеќето птици и инсекти самите си ги градат нивните живеалишта, а кога ќе ги погледнете, ќе сфатите дека се одлични градежници и архитекти.
Овие суштества научиле да ги користат материјалите што им се достапни во нивната околина, а нивните живеалишта имаат и интелигентен дизајн.
Овие мали архитекти ги зеле предвид сите нешта – од изложеност на сонце, па сè до форми за кои ќе им требаат најмалку материјал.
Неколку вакви живеалишта во продолжение:
Термити од видот Amitermes meridionalis
Овие термити се ендемски вид во Австралија. Некогаш се нарекуваат и магнетни термити или компас термити поради живеалиштата што ги градат.
Тие прават гнездо под земја, а над него градат вид кули од кал кои можат да достигнат висина повеќе од 2 метри. Главната, односно долгата оска на овие кули е секогаш во насока север-југ, па оттаму и нивното име.
Се претпоставува дека тие ги градат кулите на овој начин за да ја искористат топлината од сончевите зраци. Бидејќи едната страна е свртена кон исток, наутро е изложена на многу сончева светлина.
Пчели
Гнездата на пчелите се познати и како кошници, а највпечатлив е нивниот изглед.
Дивите пчели ги градат нивните гнезда од пчелин восок во шупливи дрва, вдлабнатини на карпи и други слични места.
Гнездата се сочинети од бројни мали дупки во форма на шестоаголник, наводно бидејќи оваа форма бара најмалку пчелин восок и во неа може да се складира повеќе мед.
Оси
Гнездата на осите се нарекуваат осарници и во внатрешноста се слични како оние на пчелите – имаат многу мали дупчиња со шестаголна форма.
За разлика од пчелите, осите ги прават гнездата од делчиња дрво кои ги џвакаат и ги мешаат со плунка.