Исклучителна интелигенција, обожавани од славните - факти за Кокерите, долгоушестите кучиња кои го разубавуваат денот
Една од најпрепознатливите раси на нашата територија, па и ширум светот припаѓа на долгоушестите, неодоливи Кокер шпаниел кученца.
Препознатлив по својот весел, љубезен и друштвен темперамент, како и физичкиот изглед на кој не можеме да останеме рамнодушни, Кокерот е вистински домашен миленик кој секојдневно ќе ви го разубавува животот.
Во продолжение за вас издвојуваме 10 едукативни и интересни факти со кои полесно ќе ја запознаете природата на прекрасните Кокери:
1. Постојат два вида на Кокер шпаниел и тоа: англиски и американски
Иако изгледаат слично, англискиот и американскиот Кокер шпаниел се прифатени од Американскиот одгледувачки клуб како два одделни видови.
Во 19 век, американските и англиските одгледувачи почнале да се фокусираат на нивните различни одлики.
Американските Кокери имаат тенденција да бидат помали, со позаоблени глави, додека пак англиските Кокери имаат помалку изразени веѓи и подолги муцки.
2. Во нив „тече“ ловечка крв
Кокерите биле одгледувани уште во 1400-тите години како ловџиски кучиња.
Големото семејство на кучиња вклучувало широк спектар на различни големини и бои, и истите можеле да се пофалат со разновидни ловџиски квалитети, со цел да им помогнат на ловџиите во нивната област.
Кокерите на крајот биле поделени во категории, односно кучиња поволни за земјино тло и кучиња кои преферираат вода, со тоа што Кокер шпаниелите претежно припаѓале на првиот вид.
3. Кокерите се инспирација за високата мода и поп-култура
Веројатно не постои некој кој досега не чул за Дизниевиот анимиран филм од 1955 година, Lady and the Trump.
Свиленкастиот кокер за урнебесно брзо време го освои светот и беше асоцијација за секоја дама, која во своите раце сакаше да поседува едно од овие извонредни кучиња.
Визуелната нежност на расата направи Кокерите да бидат „број еден“ избор, кога станува збор за елегантноста.
4. Обожавани во „светот на познатите“
Благодарение на нивните пријателски настроени карактеристики, Кокерите веќе долго време се омилени меѓу богатите и славните.
Актерот Џорџ Клуни има постар Кокер шпаниел по име Ајнштајн, кој всушност го спасил од засолниште за животни во Калифорнија. Помладиот брат на војвотката Кејт ѝ подари Кокер по име Лупо, како подарок за нејзината венчавка.
Исто така, Дејвид и Викторија Бекам чуваат Кокер по име Олив, а Опра по име Соломон.
5. Кокерите се првите кучиња способни да откријат рак
Научниците веќе одамна открија дека кучињата се способни да идентификуваат канцерогени примероци по мирис, иако сè уште не се сигурни што точно тие мирисаат.
Оваа идеја за првпат се потврди преку студија со шест кучиња во Англија, во 2004 година. Во таа студија, Кокер шпаниел по име Тангл имал најдобра стапка на успех при откривање на рак, со точност од 56 проценти.
Истражувачите продолжиле да работат со него, а за брзо време неговата процентуална точност се искачи на цели 80 проценти.