Исклучителна интелигенција, обожавани од славните - факти за Кокерите, долгоушестите кучиња кои го разубавуваат денот

6. Не, кокерите не се добри чувари на вашиот дом

Природно, кокерите се едни од најпозитивните, најразиграните и најпријателски настроените раси на кучиња, затоа не очекувајте дека тие ќе вложат напор да ја заштитат вашата куќа.

Имено, повеќе веродостојно е непосакуваниот натрапник да биде пречекан со ентузијастичка наклонетост и непрекинато мавтање со опашката.

Prkosat-so-iskluchitelna-inteligencija-obozhavani-se-vo-svetot-na-poznatite-fakti-za-Kokerite-dolgoushlestite-kuchinja-koi-go-razubavuvaat-denot 06 630x380.jpg

7. Кокерите се едни од најпаметните раси на кучиња

Овие неодоливи „ушлиња“ се способни да постигнат секакви импресивни подвизи. Тие се исклучително паметни слушачи, така што за разлика од другите раси, Кокерите навистина брзо учат да почитуваат команди.

Prkosat-so-iskluchitelna-inteligencija-obozhavani-se-vo-svetot-na-poznatite-fakti-za-Kokerite-dolgoushlestite-kuchinja-koi-go-razubavuvaat-denot 07 630x400.jpg

8. Активноста е нивната пасија

Кокерите се големи мази, но не смеете да заборавите дека тие во суштина се вистински ловци во душата. Тие се енергични, интелигентни кучиња на кои секојдневно им требаат ментални и физички вежби.

Шестмесечните кокерчиња се сѐ уште во развивање и не треба да играат до исцрпеност, така што кратката прошетка ќе ги прилагоди кон надворешниот свет и ќе им понуди доста работи за размислување.

Од друга страна, возрасниот Кокер бара 30 минути пешачење - двапати на ден, како и слободно време за играње на отворено. Фрлањето топче, или диск за него претставува вистинска забава.

Prkosat-so-iskluchitelna-inteligencija-obozhavani-se-vo-svetot-na-poznatite-fakti-za-Kokerite-dolgoushlestite-kuchinja-koi-go-razubavuvaat-denot 08 630x400.jpg

9. Кокерите обожаваат деца

Пријателската и пријатна природа на Кокерите, како и нивната љубов кон играта и друштвото значи дека тие во суштина ги обожаваат децата, па дури и ги бараат затоа што знаат дека и децата сакаат да играат.

Сепак, секое куче е секако индивидуа за себе и не секое куче од оваа раса мора да сака деца - но ако треба да одберете куче за вашето поголемо семејство, ова секако вреди да се земе во обѕир.

Prkosat-so-iskluchitelna-inteligencija-obozhavani-se-vo-svetot-na-poznatite-fakti-za-Kokerite-dolgoushlestite-kuchinja-koi-go-razubavuvaat-denot 09 630x400.jpg

10. Oсобена посветеност кон грижата на ушите

Toчно е, нивните уши се преслатки и посекако се карактеристика на оваа прекрасна раса. Но, овие неодоливи уши исто така, можат лесно да се претворат во проблем, поради различни причини.

Кокерите се склони на инфекции во ушите, што може да се случи поради намалувањето на протокот на воздух при отворањето на ушните канали или од други многубројни причини, земајќи предвид дека нивните уши се влечат по подот.

Алергиите, исто така се примарен проблем кој предизвикува воспаление на увото. Редовната грижа за ушите на Кокерите е задолжителна, а доколку забележите како вашиот миленик непрекинато го чеша увото, веднаш консултирајте се со неговиот ветеринар и не оставајте време на случајности.

Prkosat-so-iskluchitelna-inteligencija-obozhavani-se-vo-svetot-na-poznatite-fakti-za-Kokerite-dolgoushlestite-kuchinja-koi-go-razubavuvaat-denot 10 630x380.jpg

Мила М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња? Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на лис...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
5-те најнепослушни раси според луѓе кои чуваат куче Во истражување спроведено од страна на Forbes, се покажало дека малите раси на к...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg