Фотки полни емоции: Куче ѝ помага на сопственичката во грижата за мачињата - си игра и се гали со нив
Жена од Њујорк години наназад во својот дом згрижува животни, а нејзиното куче Кона покажува подеднакво голема љубов кон нив, како и таа.
Кона е 8-годишно куче кое живее во Њујорк. Неговата сопственичка Аса Шибија ја посвоила Кона во 2016 година, а во меѓувреме има згрижено на одреден период дури 164 животни.
Кога Аса ги донела малите мачиња дома не знаела како ќе реагира Кона, затоа што била свесна дека помеѓу мачките и кучињата неретко има нетрпеливост.
Но, испаднало дека нема зошто да се грижи затоа што Кона се вљубила во мачињата и си играла и се милувала со нив уште од самиот почеток, внимавајќи да не ги повреди притоа.
„Кона ги засака мачињата од првиот ден, па со тоа што ги забавува дури ми помага јас да имам повеќе време за одмор“, вели Аса, која работи како бизнис аналитичар, но има огромно срце и секогаш кога може им помага на разни животни.
Емотивни фотки и видеа од Кона и мачињата, како и другите животни кои минале низ домот на Аса:
С. С. | Црнобело