Уникатно или за осуда? Сопственичка го бои своето куче со металик нијанси
Сиена вели дека забавно ѝ е секојпат да ги гледа чудните реакции на луѓето и вели дека по долго зјапање поголемиот дел од нив заклучуваат „Не, не е можно да е вакво, го обоила...“
Сиера Шун (22) од Колорадо го бои своето куче со металик нијанси и вели дека дури успева да убеди дел од луѓето дека тоа е нова, уникатна раса позната како „Galaxy Dane“, а неговата раса всушност е „Harlequin Dane“.
Таа своето двегодишно куче Ехо почнала да го бои уште од 6-месечна возраст со бои кои се безбедни за неговото здравје.
Вели дека ѝ се допаѓа што изгледа како од друга галаксија, плус луѓето гледаат попријателски на него во јавност, затоа што и покрај големината на овој начин Ехо им изгледа сладок.
Сиера вели дека тој од срамежливо куче се претворил во куче што ужива во вниманието.
С. С. | Црнобело