Планинари спасиле кученце смрзнато на планина - било изгубено 2 седмици
Златниот ретривер трчајќи по елен завршил на снежна планина со силен ветер во Ирска, дезориентиран и со повреди на нозете, ретриверот не знаел како да се врати дома.
Пар од Ирска планинарејќи пронашол куче смрзнато во снежната планина, кое две седмици било изгубено.
Сиара Нолан и Ијан Франсоа Бонет го пронашле 8-годишниот златен ретривер во планината, веднаш го завиле и на грб го носеле 10 километри по нерамен терен.
Сиара вели дека кучето било во лоша состојба и дека таа се молела да ги издржи 5-те часа симнување од планината.
Сиара и Ијан работат како доктори, па во нивниот дом веднаш знаеле што да преземеат. Го исушиле и стоплиле ретриверот, пред да го однесат во локално прифатилиште за животни, кое им помогнало да го најдат сопственикот.
Тој им кажал дека 2 седмици го бара својот миленик, кој бркајќи елен се изгубил во планината.
С. С. | Црнобело