Каква приказна се крие зад видеото од куче кое ужива во купка?
Во 2014-тата година едно видео од мало куче кое ужива во своето бањање стана вирално, бидејќи неговото совршено задоволно и релаксирано лице е едноставно преслатко. Но, никој не ја знае неговата вистинска приказна.
На видеото тоа е прикажано како ужива во топлата и пријатна вода која го релаксира до толку што речиси е заспано, но пред да има можност да ужива, тоа е пронајдено заедно со своите две сестри напуштено и фрлено во контејнер.
Кога било пронајдено тоа било старо само две недели и било преполно со болви. Болвите за негова возраст се прилично опасни и потенцијално загрозувачки бидејќи може да предизвикаат анемија, која може да заврши со смрт.
За среќа, малите кучиња биле откриени на време и спасени од DFW Rescue Me.
Сега тоа е во домот на Клер Фоулер.