Како да му ги исчеткате забите на вашето милениче?
Доколку досега ги немате исчеткано забите на вашето милениче, време е да го направите истото.
Многу луѓе мислат дека не е потребно да се четкаат забите на кучињата, но грешат бидејќи четкањето може да ги заштити од понатамошна инфекција која се пренесува орално.
Доколку се случи да добие инфекција вашето куче ќе трпи болка при јадењето, може да му паднат забите или пак инфекцијата да се рашири до белите дробови, срцето и мозокот.
Затоа, спречете ги овие несакани дејства и започнете да ги четкате забите на миленичето редовно, како што тоа го правите со вашите заби.
Се препорачува да му ги четкате еднаш дневно, но доколку обврските не ви дозволуваат, обидувајте се да го практикувате четкањето барем еднаш во неделата.
Наместо обична четка за заби и вашата паста, одвојте од буџетот и купете посебна четка и паста за заби за миленици која може да ја најдете во аптеките или поголемите маркети.
Направете го четкањето полесно во овие 3 чекори:
1. Започнете со отварање на неговата уста со двете раце и држете ја така 10 секунди иако дава отпор.
2. Потоа започнете со нанесување на пастата која претходно ќе ја ставите на прстите наместо на четката, па започнете со четкање. Опфатете ја внатрешната и надворешната страна на сите заби.
3. Откако ќе ја завршите цела процедура,наградете го кучето за истото да стекне навика да не ви дава отпор при четкањето на забите туку со нетрпение да го очекува истото.