Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Тој има само 23 години, а кучињата го следат како хипнотизирани

Аугусто де Оливера привлекува внимание каде и да се појави со своите 6 кучиња од расата германски овчар. Живее во Хајенис во американската држава Масачусец, но детството го поминал на една фарма во Бразил опкружен со кучиња.

toj-ima-samo-23-godini-a-kucinjata-go-sledat-kako-hipnotizirani-001

Се занимава со дресура на сите раси, но специјализиран е токму за германскиот овчар. Уште како дете почувствувал посебна поврзаност со кучињата и тоа го натерало да се труди да станува сè подобар во комуникацијата со нив.

Денес тој е горд што може да се пофали дека e водач на цела група од дури 6 големи кучиња. Кога го сретнуваат луѓе на улица често го фотографираат, бидејќи претставува вистинска атракција и несекојдневна глетка.

Тие се неразделни, се шетаат понекогаш и без ланец, но сите како хипнотизирани го следат Аугусто. Тајната е во тоа што тој поминува многу време со нив. Ги храни, спијат во неговата соба, заедно вежбаат и имаат посебен однос кој го имаат создадено, поради што тие го гледаат како нивни водач.


Погледнете го видеото за да видите како им поминува еден заеднички ден:

Би можело да ве интересира:

8 раси на кучиња погодни за повозрасни луѓе (повеќе сакаат да се релаксираат дома) Повеќето мали раси, како мопс и малтезер се идеални за повозрасни луѓе бидејќи н...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Змија со две глави и уште 11 животни кои изгледаат нереално поради генетски мутации (фото) Сте виделе ли германски овчар со џуџест раст или маче со два носа? Сте виделе...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Бенгалски тигар, нилски коњ - Кои се најсмртоносните цицачи на Земјата? Некои цицачи имаат неверојатна сила и моќ, а човечката средба со нив може да бид...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg