Да ја промениме животната приказна на Роки - кутрето со голема волја за живот!
Тажната приказна на Роки започнува уште на негови пет месеци, кога бил испукан во очи со пушка само поради тоа што ги кинел патиките на своите "сопственци." Така, бил фрлен покрај патот, слеп да умре во агонија.
Роки се изборил со овој кошмар, преживеал и повторно се вратил, но од тогаш добивал само ќотек и клоци кои во него буделе гнев.
Тој почнал да го напаѓа секој човек што ќе наиде. Тоа бил неговиот единствен одбранбен механизам.
По многуте пријави за Роки, бил заловен со цел да биде еутанизиран како агресивно куче.
Додека престојувал во прифатилиштето за бездомни кучиња, за него се грижеле луѓе кои успеале да ја препознаат неговата љубов, сокриена под огорчената душа, полна страв и агресија.
Од тогаш, веќе 3 месеци Роки престојува кај активист кој го згрижил и спасил од еутаназија и моментално е во потрага по топол дом, кој ќе и даде поинаков тек на оваа тажна животна приказна.
Најмалку што можеме да направиме е да ја споделиме и раскажеме неговата приказна.
За Роки е доволен двор, љубов и малку нежност која ќе му го промени животот.
Доколку сте заинтересирани за негово вдомување, јавете се на броевите:
078/202-951- Моника
078/206-011- Меги
077/815-078 - Виктор