Куче одбило да си оди од местото каде е погребан неговиот сопственик
Бул териерот е пронајден во Оклахома како го чува телото на починатиот газда. Тој починал од природна смрт, а утврдено е дека пред доаѓањето на луѓето, кучето бдеело над него со часови, стоејќи на сонце.
Покрај високата температура, кучето не сакало да тргне со луѓето за згрижување и заштита на животни, бидејќи не сакало да се разделат.+
Кога конечно тргнало, цело време се вртело и се враќало кај сопственикот.
Откако е згрижено во прифатилиштето, тоа воопшто не лае, како да сака сите да го остават на мир да тагува.
Кога го изведуваат на прошетка, постојано се врти наоколу , барајќи го својот пријател.
Неговата верност и љубов немаат граници...
+