16-годишното куче кое го спаси животот на газдарицата, но го загуби својот
Мешанчето од хаски и ротвајлер Мејсон бил цели 16 години со својата сопственичка. Свесна дека започнал да ја губи силата и дека нема да живее уште долго, таа се одлучила за една авантура.
Но, не ни сонувала како тој ден ќе заврши...
- Мејсон пристигна во мојот дом како бебе. Го избрав токму него затоа што сите останати кутриња скокаа и цвилеа, а само тој мирно стоеше и ги мирисаше цвеќињата, раскажува сопственичката на Мејсон.
Кога и да била лошо расположена, Мејсон бил тука да ѝ ја излиже раката и да ја насмевне барем малку. Сакал да се гали со нејзиниот постар брат, но и со сите гости кои доаѓале во нивниот дом.
Во последните 2 години од животот, Мејсон започнал да ја губи силата. Видот му се влошувал и станувал сè постар.
- Постојано очекував да заспие во сон или да падне за време на прошетката. Се плашев дека ќе стане толку немоќен што ќе морам да го успијам, раскажува неговата сопственичка.
За среќа, Мејсон добро се држел, па таа решила еден ден да го однесе на кратка авантура. Прошетката ја започнале по околните брда, во друштво на 3 помлади кутриња.
- Во еден момент стоев и гледав волк во далечина. Таков поглед не сум доживеала можеби 15 години. Волците се плашат од луѓе, посебно од оние кои се во друштво на кучиња. Но, овој во истата секунда реши да ни се приближи, се сеќава таа.
Волкот делувал гладно, па таа 20 минути се обидувала да го избрка. Го удирала со стап, а кучињата скокале на него и го гризеле.
- Волкот му се наврте прво на најмладото кутре од групата, штом Мејсон го забележа тоа, го возврати нападот во истиот момент. Мојот стар пријател никогаш не изгледал пострашно. За кратко време успеа да го избрка бесниот волк од мене и од останатите кучиња, но токму тогаш тој го нападна Мејсон и го гризна за вратот. За неколку минути сè беше готово. Мејсон беше мртов, раскажува таа низ солзи.
- Ужасно ми недостасува. Се чувствувам како да имам дупка во градите. Иако не знам што би направила, постојано си велам дека требаше некако да го спасам. Повеќето 16-годишни кучиња умираат полека, во домот, додека мојот Мејсон го загуби животот во борба за да ме спаси мене и трите помлади кутриња. Почина како мој херој!