Колку време изгубивте на глупости? На неважни луѓе?

Слушајте ме внимателно. Секој од нас изгубил нешто вредно: Време, Љубов, Пријатели, Родители.

kolku-vreme-izgubivte-na-gluposti-na-nevazni-luge-1.jpg

Кога еднаш ќе изгубиш некого нема назад. Почнувате да се каете. Во ноќите размислувате дали би можеле да ја спречите таа загуба. Совеста ве гризе. Сè што ви преостанува е нормално да се надевате да заборавите.

Се потсетувате ли колку време изгубивте на глупости? На излегување со неважни луѓе. Игнорирање на важните луѓе. Одложување на семејни средби.

Се потсетувате ли колку пати сте заборавиле на љубовта? Секогаш ставена во втор план. Очекувате дека таа вечно ќе ве чека. Утре, задутре и засекогаш. АМА НЕМА!
Ништо не се чека засекогаш.

Се потсетувате ли колку пријатели сте тргнале од себе? Оние најдобрите пријатели, што биле со вас од детството. Рамо до рамо покрај вас.

Се потсетувате ли колку пати сте ги повредиле вашите родители? Сте разговарале со висок тон кон нив. Сте им кажале лоши зборови. Сте ги разочарале. Можеби намерно. Можеби случајно. Ама пак сте го вознемириле нивното срце.

Се потсетувате ли на вистината? Дека кога-тогаш ќе умрете. И денот кога ќе ви излегува душата... ќе бидете свесни на сè.

Свесни на сè што сте упропастиле. На тој ден солзи ќе ви поминат по лицето. Тој ден повеќе ќе ве нема.  И баш тогаш ќе биде доцна.  За да го промените животот на време. Верувајте ми!

Автор: Д. К.

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

„Језиво“ е колку стана „нормално“ сите во Скопје да се изневеруваат Не знам дали на редовна база движите доволно низ градов, но ако малку повеќе сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg