Фаталната жена, femme fatale, (француски назив за „смртоносна жена“), е еден од најстарите женски архетипови. Постои голема разновидност во тоа како е прикажана, но некои суштински особини се секогаш исти. Оваа жена е себична и манипулативна, а често и сексуален предатор. Познати примери на фаталната жена можат да се пронајдат во филмовите „Gone with the Wind“, „Fatal Attraction“, „Double Indemnity“, „Basic Instinct“, Мистик од „X-Men“ и сл. Како се создаде овој архетип на фатална жена?