Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најинтересните музеи за играчки во светот

Играчките постојат во секоја култура, а како такви се едни од најстарите артефакти. Тие се инспирација за многу дела во литературата, филмот, сликарството и музиката, како „Пинокио“, „Оревокршачка“, „Приказна за играчките“ и „Трансформери“…

Ova-se-najinteresnite-muzei-na-igracki-vo-svetot-01.jpg

Музеите на играчките ги чуваат спомените на овие безгрижни моменти од детството, како и заборавените играчки. Ја прикажуваат историјата, производството и начините за користење на старите, антички играчки.

Во овие музеи можат да се најдат многу различни играчки, од примитивни играчки до технолошки и современи пронајдоци, разни кукли, друштвени игри, автомобили, едукативни играчки, сложувалки.

Листа на најубавите музеи на играчки музеи во светот кои ќе ве вратат во некое друго време:

Музеј на играчки во Сергијев Посад

Главната атракција на овој музеј се бабушките. Токму тука е роден концептот за нив, а овој град долго време бил главен руски производител на играчки. Иако денес се сметаат за сувенири, бабушките биле создадени како играчки за најмладите. Тие им помагале на децата да ги развијат своите вештини.

Музејот за играчки во Сергијев Посад го покажува развојот на бабушките, од првите примероци до масовното производство. Тука се наоѓа и прва направена бабушка.

Ova se najinteresnite muzei na igracki vo svetot 02

Музејот на детството

Овој интересен музеј, кој се наоѓа во Единбург, Шкотска, бил првиот музеј кој се специјализирал за историјата на играчките. Во музејот можат да се видат играчки од 18-ти до 21-ви век. Покрај играчките се изложени и детски книги, облека и соодветни фотографии од тој период.

Овој објект годишно го посетуваат 250.000 луѓе, а влезот е бесплатен.

Ova se najinteresnite muzei na igracki vo svetot 03

Национален музеј на играчки и минијатури во Канзас

Музејската колекција брои околу 300.000 предмети. Овој музеј има и тематски колекции, како на пример онаа посветена на „Волшебникот од Оз“, односно на играчките поврзани со филмот (и книгата).

Ova se najinteresnite muzei na igracki vo svetot 04

Музеј на играчки во Нирнберг

Во времето на индустриската револуција во Нирнберг постоеле многу фабрики за играчки. Соодветно на тоа, овој музеј е еден од најпознатите музеи од овој тип во светот. Во него има играчки од древната ера до денес.

Ova se najinteresnite muzei na igracki vo svetot 05

Меѓународен музеј на хобија и играчки во Хонг Конг

Колекцијата на играчките во овој музеј е насочена кон популарната култура и играчки кои се познати насекаде низ светот, како што се акциски фигури, ликови од цртани филмови, аниме, модели на ракети итн.

Овој музеј е идеален за љубителите на стриповите, суперхероите и акциските херои.

Ova se najinteresnite muzei na igracki vo svetot 06

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 музеи низ Европа што секој треба да ги види барем еднаш во животот Покрај Лувр, во Париз не го прескокнувајте и Центарот Помпиду каде се наоѓа најг...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
Низ фотки - Како изгледал светот во 1925-та и што се случувало пред 100 години? Во 1925 година животот на луѓето изгледал многу поразлично од ова што ние го зна...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg