Нема никогаш да ги извадите од такт: 10 одлики на ментално силните луѓе
Речиси секој од нас има барем една личност во друштвото која, без оглед на ситуацијата, секогаш останува мирна и сталожена. Ваквите личности едноставно умеат да се адаптираат на секоја ситуација и добро се носат со животните предизвици.
За нив велиме дека се ментално силни, а ова се особините по кои може да ги препознаете и на кои може да се угледате:
Прифаќаат предизвици
Во нивните очи предизвиците се можност за постигнување успех, а не нешта од кои треба да се плашиме или да бегаме. Нивната самодоверба расте со секоја помината препрека на патот.
Се фокусираат на работите коишто може да ги контролираат
Не го трошат времето размислувајќи за работи над кои ја немаат контролата. Со цел да останат продуктивни и ефикасни, на насочуваат сета своја енергија на работите коишто може да ги сменат и контролираат.
Знаат да постават граници
Во моментите кога најпаметно е да се каже НЕ, тие едноставно го кажуваат, макар што тоа може да ги разочара некои луѓе. Водат сметка за чувствата на другите, но добро знаат дека мора да се стават себеси на прво место и да постават јасни граници.
Мудро ризикуваат
Би рекле дека се работи за „пресметан ризик“, односно би запливале во непознати води, но само доколку знаат дека тоа ќе им помогне да си ја остварат целта. Пред да донесат каква било одлука, добро ги анализираат работите, односно дали ќе им се исплати да ризикуваат или не.
Минатото го имаат оставено зад себе
Се имаат помирено со настаните од минатото и тие единствено им служат како потсетник на евентуалните грешки од кои веќе ја научиле лекцијата.
Не се љубоморни на туѓите успеси
Туѓиот успех за нив е дополнителна мотивација. Ментални силните луѓе сфаќаат дека успехот на некој друг не го загрозува нивниот и искрено се веселат за туѓите достигнувања, мотивирајќи се себеси да го постигнат истото и повеќе.
Ја сакаат самотијата
Мирот и тишината воопшто не им пречат. Обожаваат да бидат сами со сопствените мисли и да постигнат хармонија после хаосот од тешкиот и напорниот ден. повремената самотија за нив претставува лек за душата.
Преземаат одговорност за сопствените постапки
Никогаш не ги обвинуваат другите за сопствените грешки и неуспеси. Свесни се за нив и не се срамат од истите. Ментално силните луѓе учат од своите грешки и преземаат целосна одговорност, дури тоа и да значи дека треба да се вратат на почетокот на патот и да почнат сè одново.
Практикуваат реалистичен оптимизам
Никогаш лажно не се охрабруваат ниту себеси ниту другите. Ќе се обидат да пронајдат позитивна страна на нештата, доколку таа навистина постои.
Им остануваат верни на своите вредности и ставови
Доволни се храбри да живеат според сопствените правила, принципи и вредности. Имаат цврсти ставови кои одвреме-навреме може да ги преиспитаат доколку има реална потреба за тоа, но нема туку-така да се одречат од нив, само затоа што во моментот нивното мислење не е популарно.
(О)Милена | Црнобело