12 работи кои секој треба да ги прави за себе барем еднаш во годината

Дури и ако сте од оние кои секогаш ги ставаат туѓите потреби на прво место, некогаш мора да одвоите време, простор и финансии само за себе.

12-raboti-koi-sekoj-treba-da-gi-pravi-za-sebe-barem-ednash-vo-godinata-01.jpg

Грижата за себе е неопходна ако сакате да имате среќен и исполнет живот, па покрај тоа што секогаш се обидувате да им удоволите на останатите, обидете се барем еднаш во годината да направите неколку работи за себе.

Во продолжение следи листа со работи кои треба да ги правите за себе што почесто, или барем еднаш во годината.

Не заборавајте на себе и ставете се пред сите останати – што треба да правите?

1. Купете си добар пар чевли.

2. Напишете ги работите кои сте мислеле дека нема да ги поминете, а сте успеале.

3. Слушајте музика од ваше време на касетофон, ЦД или плочи.

4. Направете реорганизација на просторот во кој живеете и освежете го.

5. Претплатете се на некој онлајн сервис или место што ќе ви го направи животот поубав.  

6. Излезете сами на ручек или вечера во некој ресторан со храна која ја сакате.

7. Посетете нов град и наполнете се со нови искуства и доживувања, дури и ако е некое блиско место.

8. Прочитајте ги книгите кои сте ги купиле и сте заборавиле на нив.

9. Научете да готвите нешто ново и поминете половина ден во кујна усовршувајќи нов специјалитет.

10. Направете нешто изненадувачко и љубезно за некој кој не го очекува тоа.

11. Дозволете си нов сет со шминки или производи за нега и убавина.

12. Направете анализа на работите кои сте сакале да ги направите, на работите и луѓето кои ви се вредни и поставете си листа на приоритети.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg