Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто емпатичните личности чувствуваат дека никаде не се вклопуваат?

Емпатичните луѓе понекогаш се чувствуваат како лавови кои се обидуваат да се спровнат низ клучалка, секогаш кога треба да се вклопат некаде.

zoshto-empatichnite-lichnosti-chuvstvuvaat-deka-nikade-ne-se-vklopuvaat-01.jpg

Постојат неколку причини за ваквото чувство на неприпадност кај емпатичните, а една од нив е и начинот на кој ги (прет)чувствуваат нештата.

Тие имаат способност да ги идентификуваат емоциите на другите луѓе. Теоретски, тоа би требало да им помогне за полесно да воспоставуваат односи. Практично, воопшто не е така.

Луѓето не мора да бидат емпати за да детектираат кога некој е нервозен, тажен или лут. Но, емпатите во оваа ситуација можат да проценат дали некој е навистина нервозен или пак, само глуми поради некоја причина.

Нивниот степен на разбирање на туѓите чувства е на многу високо ниво. Тие умеат да ги препознаат и позадините на некое однесување.

zoshto-empatichnite-lichnosti-chuvstvuvaat-deka-nikade-ne-se-vklopuvaat-02.jpg

Емпатите секогаш знаат кои се, без разлика како го откриле и дефинирале тоа. Затоа и знаат каде можат да се прилагодат, а каде би било лошо за нив. Нив повеќе им одговара да минат повеќе време со себе, а помалку со други луѓе, за да избегнат умор и емотивно исцрпување.

Но, тоа не значи дека отсекогаш биле вакви. Често, морале да поминат низ мрачна фаза, за да би можеле да го пронајдат светлото.

Единствена разлика меѓу нив и останатите е што по оваа мрачна фаза тие станале подобри поединци, наместо да се оддадат на лошите влијанија.

zoshto-empatichnite-lichnosti-chuvstvuvaat-deka-nikade-ne-se-vklopuvaat-03.jpg

Дружењето некогаш наложува и прифаќање на едно мислење или правење компромиси кои на многумина не им одговараат. Тоа е премногу за емпатите и тие попрво би се повлекле сами, отколку да се изложуваат на нешто што не им одговара. Тие, едноставно, не можат да мислат, чувствуваат и да изгледаат исто како големите толпи - тоа ги прави несигурни.

Нив им пречи манипулацијата и скриените лаги. Овие емоции се пресилни за нив, па поради тоа и се соочуваат со неприпадност.

Поважно им е да си припаѓаат сами себе и да си останат доследни, наместо да го глумат она што им го диктира друштвото. Затоа и често се чувствуваат дека не припаѓаат никаде.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg