Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дали може да сте под стрес, а да не сте свесни за тоа?

Во 2019 година речиси и да нема личност која е општествено активна, работоспособна и која се грижи за себе и семејството, а да не страда од стрес.

dali-mozhe-da-ste-pod-stres-a-da-ne-ste-svesni-za-toa-01.jpg

Работата и парите се секогаш на врвот на листата на најголеми причинители на стресот, а потоа следат и меѓучовечките односи. Но, што се случува кога се чувствувате лошо, а нема ниту една видлива причина која би ви го направила тоа.

Дали може вашето тело да е под стрес, дури и кога вие самите не се чувствувате така?

Ако постојано се прашувате дали сте под стрес, бидејќи сфаќате дека вашето тело некако реагира, тогаш за тоа обвинете ја еволуцијата.

Кога вашиот мозок ќе регистрира нешто потенцијално опасно, тогаш вашата амигдала започнува да ги „запира“ рационалните мисли и да ве подготвува да се борите против таа закана. Затоа и може да ви се случи да имате засилено чукање на срцето, испотени дланки, вртоглавици, стегање во стомакот, дури и кога нема посебна видлива причина за тоа. Сите овие знаци му велат на вашето тело да престане да размислува и да почне да бега.

Секако, ова било корисно кај нашите подалечни предци, кои живееле во природата. Но, нашите мозоци и инстинкти уште не се целосно поврзани со овој милениум, па затоа и некогаш целото тело ви е под стрес, а вие не можете да ја детектирате причината за тоа.

dali-mozhe-da-ste-pod-stres-a-da-ne-ste-svesni-za-toa-02.jpg

Како да излезете од оваа јамка?

„Под стрес, ама не под стрес“ е вистински кошмар, бидејќи прави да се чувствуваме катастрофално, а да не знаеме да кажеме зошто е тоа така.

Знаејќи ги информациите од овој текст, лесно ќе ви биде да почнете да се уверувате себе, односно својот свесен дел, дека шансите да сте во опасност се прилично мали. Најчесто, дури и предизвикувачот на стресот е многу помалку забележлив отколку што мислите.

Исто така, во овие ситуации можете да си помогнете со длабокото дишење или пак, да го послушате инстинктот што го имале нашите предци - да трчате или да пешачите со поголема брзина. Тоа ќе ви помогне да го дадете потребниот одговор кој вашето тело го бара, а во исто време и да се ослободите од тој непотребен стрес.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
„Ако сте во брак и имате одделни финансии, не сте тим - вие сте само цимери со бурми“ „Во брак сте - не сте цимери. Парите не треба да бидат „мои“ или „твои“, туку „н...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
6 прашања што ќе ви помогнат да ја откриете вашата токсична особина (и како да се ослободите од неа) Дали имате желба да им наредувате на другите и да ги терате да прават тоа што са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg